Кардиналскиот совет од девет кардинали, кои заедно со Папата разговараа за реформите во Куријата, оваа седмица покрај другото зборуваа и за некои ватикански институции, кои се во служба на евангелизацијата, изјави Грег Бурк во среда 26 април 2017 година. Од понеделник до среда се одржуваа средбите на Кардиналскиот совет, а на нив учествуваше и папата Фрањо, освен во среда кога редовно се одржува Генералната аудиенција на плоштадот Свети Петар.
Во врска со дикастериите, стана збор за Конгрегацијата за евангелизација „Propaganda Fide“ и Папскиот совет за поттикнување на нова евангелизација. Исто така беа упатени и предлози до Папата, кои се однесуваат на Папскиот совет за меѓурелигиски дијалог, како и за ватиканските судови, изјави ватиканскиот гласноговорник Грег Бурке.
Точка за разговор беше и вработувањата и формацијата на вработените во институциите на Светиот Престол. При тоа стана збор за лаиците, како и за духовните лица, кои работат во Ватикан или ќе работат. Поради тоа на советувањата учествуваше и претставник на ватиканската служба за вработување УЛСА.
Следната седница на Кардиналскот совет ќе се одржи од 12 до 14 јуни 2017 година.
РВ/к.мк