Кардиналскиот совет дискутира за Епископската синода и реформи во Куријата

Во четврток, 3 октомври, во Ватикан завршуваат состаноците на Советот на кардинали, собир од 8 кардинали чија задача е да му помогнат на Светиот Отец во водството на Црквата, и во размислувањата за апостолската конституција “Pastor Bonus” за Римската курија. Состаноците започнаа на 1 октомври наутро, во приватната библиотека во станот на Папатан, а потоа продолжија во домот Света Марта. Светиот Отец изостана само во среда 2 октомври поради Генералната аудиенција во среда.

Патер Федерико Ломбарди одржа брифинг на кој ги извести новинарите за текот на работите. Членовите на советот имаа средба која имаше теолошки и духовен карактер, за да се потсетат, за да ги оживеат оживеале изгледите на Црквата, инспирирани од Соборот, за нејзиното послание, за односот меѓу општата Црква и локалните Цркви, за служењето како карактеристика на сите црковни установии одговорноста на сите членови на Црквата за општото добро -истакна о. Ломбарди. Вчера после пладне се говореше за следната епископска синода.

Папата Фрањо веќе ја најави темата за следната синода, – потсети патер Ломбарди – антрополошка тема посветена на личноста и семејството, во светло на Евангелијата. Затоа на состанокот беше присутен и новиот генерален секретар на Епископската синода, архиеписњкопот Лоренцо Балдисери. Се зборуваше за пасторалната грижа за семејството и бракот, а тие теми Папата веќе ги најави како клучни за активноста на Црквата во иднина.

Денес вниманието беше насочено на реформите во Куријата, и тоа во повеќе правци, како што се на пример односот на дикастериите со Светиот Отец, координација на дикастериите и работата на Државниот секретаријат… Станува збор за многу општи теми за кои се понудени мноштво предлози – напомена патер Ломбарди, кој на крајот истакна дека осумте кардинали не се претставници на континентите, туку членови на епископскиот колегиум, кои добро ги познаваат реалните проблеми на Црквата на различни страни од светот, и кои, секако, секогаш уживаат доверба и лична почит од Светиот Отец.

Б.У

Категорија: Ватикан

За авторот