Во пресрет на претстојниот собир COP26 претседателот на COMECE кардинал Жан-Клод Холерих, ја повикува европската заедница да ја преземе водечката улога на меѓународно ниво за да даде храбар одговор на вонредната ситуација која има влијание и на загубата на биолошката разновидност. Пронајди го патот кој го почитува прагот од 1,5 °C глобално затоплување – пишува тој, е длабок морален императив.“
„Пандемијата со Ковид-19 на најгруб начин го изнесе на видело фактот дека сите и сѐ е меѓусебно поврзано и меѓусебно зависно и дека нашето здравје е нераскинливо поврзано со здравјето на животната средина во која живееме.“ Со ова опсервација започнува писмото на кардиналот Жан – Клод Холерих претседател на Советот на епископските конференции на ЕУ (COMECE), до лидерите на ЕУ кои ќе учествуваат на настанот во Глазгов од 31 октомври. Неговиот повик е во таа прилика одлучно да се поработи на тоа дека „нашите општествени и економски системи бидат праведни и чесни“ затоа што сме под закана на погубни последици за најранливите и за планетата.
Потребни се амбициозни глабални цели
„Земјата плаче – потсетува кардиналот Холерих, цитирајќи го папата Фрањо, и тие крикови попримија облик на пораст на температурата во рекорди во многу региони, смртоносни поплави и пожари кои уништуваат заедници во цела Европа и светот, ги влошија материјалните загуби со социјалнаата и психичката траума.“ Климатските промени, пишува кардиналот се побрзи од очекуваното и се приближуваме на прагот на глобалното загревање од 1,5 °C. Затоа сме на „границата“. Лидерите на ЕУ напоменува наскоро ќе имаат прилика да разговараат за нови решенија на средбата со другите светски лидери во Глазгов. Неодаменшните европски цели за намалување на стакленичките гасови одат во вистинската насока, продолжува кардинал Холерих, но моменталната ситуација итно бара од сите да постават амбициозни цели како одговор на двете глобални кризи на забрзувањето на климатските промени и загубата на билошката разноликост. Напорот затоа мора да биде глобален. Текстот гласи: „Пронајди го патот кој го почитува прагот од 1,5 °C за глобалното затоплување е длабок морален императив.“
Конкретни чекори кои треба да се преземаат
„Нашата заедничка одговорност е радикално да ги промениме нашите стилови на живот, да ставиме крај на бесмислениот консумеризам и грабежливата експлоатација на ресурсите и да живееме во хармонија внатре во границите на планетата,“ пишува кардинал Холерих кој во своето писмо укажува на прецизни чекори кои треба да се преземат. На пример, „моментален престанок на новите вложувања во инфраструктура за фосилните горива и укинување на субвенциите“ кои ја продолжуваат зависноста на заедницата од фосилните горива и индустриското земјоделство кое е деструктивно за животната средина.“ Посебно внимание исто така е потребно на „изразеното загадување на воздушната и поморската индустрија чиј придонес во борбата против климатските промени е целосно неадекватна.“
Враќање на „еколошкиот долг“ е работа на правда
Кардиналот Холерих повторно потсетува на зборовите на папата Фрањо за „еколошкиот долг“ кој акумулиран од земјите на северот кои се „збогатија искористувајќи ги природните ресурси на југот“ и вели дека отстранувањето на тој долг „е повеќе од прашање на солидарност“ затоа што тоа е „прашање на правда“. Потоа повторно ја повикува Европа која во овој момент има одговорност да „почитува, штити и ги промовира правата и достоинството на луѓето и притоа да не бидат последни оние кои се наоѓаат во најранливи и најмаргинализирани ситуации.“ Потоа наведува примери на активности кои ги одобрила ЕУ, а „кои штетат на општествата и на животната средина на глобалниот југ“, како што се напорите „да се искористат резервите на фосилните горива во Vaca Muerta во Аргентина и да се изгради нова инфраструктура за фосилните горива во Источна Африка.“ Тоа се одлуки кои се во спротивност со преземените обврски во врска со еколошката криза.
Глазгов: Незаменлива можност за благосостојба на земјата
COP26 и COP15 претставуваат критични моменти за постигнување на нови цели, инсистира кардиналот, а „Европа може и мора да ја има водечката улога на меѓународно ниво во овие претстојни форуми“ за да се постигне храбра реакција на вонредните климатски ситуации. Во име на Европскиот сојуз Laudato Si’ (European Laudato Si’ Alliance), ELSiA, Европски сојуз за Laudato Si’ кои собираат шест католички институции и организации вдахнати од енцикликата на Фрањо, чиј кардинал Холерих е амбасадор, од европските лидери бара да се зголеми амбицијата на Европа во глобалните напори да се достигне границата од 1,5 °C затоплување и во новата глобална цел од 50% заштита на природата.
Мора да се исполнуваат ветувањата за обезбедување на извршување на постоечките финансиски обврски и поставување на нови цели за поддршка на прилагодувањето, ублажување на загубата и штетата во земјите во развој. Потребно е да се запре целата нова инфраструктура на фосилните горива за да се тргне кон обновените извори на енергија и агроеколошки земјоделски пристапи. Конечно мора да се почитуваат човековите права, вклучувајќи ги правата на автохтоните народи и локалните заедници, во делувањето на климата и биолошката разновидност.
Ватикан њуз/к.мк