Посетата на Папскиот државен секретар во ДР Конго и Јужен Судан ќе се одржи меѓу 1 и 8 јули како знак на близината на Папата со саканото африканско насление, кое нема да може лично да го посети, како што беше објавено на почетокот на месецот, прифаќајќи ги упатствата на лекерите, за да не се се поништат резултатите од терапијата за коленото која е во тек.
Кардинал Пиетро Паролин ќе го претставува папата Фрањо каде што тој, со „големо жалење“ не може да биде поради здравствени причини. Прес-службата на Светиот Престол испрати соопштение за медиумите во кое информира дека по одложувањето на Апостолското патување во Демократска Република Конго и Јужен Судан, објавено на почетокот на јуни, папата Фрањо во меѓувреме одлучи да го испрати кардиналот Паролин, државен секретар, во Киншаса и Џуба за да ја покаже неговата близина со саканиот народ во ДР Конго и Јужен Судан.
Во соопштението се прецизира и дека патувањето на државниот секретар ќе се случи меѓу 1 и 8 јули, односно во време кое горе-долу се поклопува со времето кога Папата требаше да биде на 37. Апостолско патување, токму во тие африкански земји, најпрво во Киншаса од 2 јули, а потоа по посетата во Северен Киву, да пристигне во Јужен Судан, во главниот град Џуба во вторник 5 јули.
Тоа е уште еден гест што ја покажува тагата на Папата поради тоа што мораше да го одложи патувањето, а во исто време неговата голема желба да не ги разочара очекувањата на африканскиот народ. Во оваа насока оди, да потсетиме, неговата одлука да слави Света Литургија со заедницата на Коногоанците во Рим, на 3 јули, денот кога требаше да служи света Литургија во Киншаса. Тоа го најави на 13 јуни, примајќи ги во аудиенција во Ватикан учесниците на Генералното собрание на Мисионерите на Африка, популарно наречени „Бели оци“.
Ватикан њуз/к.мк