Кардиналот Герхард Лудвиг Милер го отвори општото собрание на Меѓународната теолошка комисија
„Секоја поделба помеѓу теоријата и праксата на верата би било одраз на суптилен христолошки ерес“ – разделување на тајната на вечното Слово на Отецот и неговото овоплотување. Исус, „за кого може да се каже дека е најдобриот теолог“ рекол: „Јас сум патот, вистината и животот“ и затоа „нема вистина без живот и нема живот без вистина“, истакна кардиналот Милер, префект на Конгрегацијата за науката на верата, отварајќи го општото собрание на Меѓународната теолошка комисија, чиј претседател е самиот кардинал.
Кардиналот Милер истакна дека постојаното уверување на црковните оци е дека теологијата започнува, се раѓа и се остварува во Литургијата, со поклонувањето на Божјата тајна и размислувањето врз Словото кое се овоплотува. „Во Литургијата подобро сфаќаме дека теологијата во својот темел претставува размислување за Бог на љубовта“, истакна кардиналот, додавајќи дека христијанската вера не е „ирационално искуство“ и затоа сме повикани „секогаш да бидеме подготвени да дадеме одговор на секого кој бара образложение на надеж која е во нас“. „Ние, теолозите, сме чувари и поттикнувачи на интелигенцијата на верата“, заклучи кардиналот.
„Во аутентична теологија, интелигенцијата на верата и пасторалот или животното делување на верата никогаш не се раздвоени или спротивставени“, истакна кардиналот Милер, потсетувајќи на науката на Првиот ватикански собор: целосното познавање на Бог напредува правилно ако е во однос со крајната цел на човекот, а тоа е неговото спасение. Затоа светата наука „на крај, догматската шпекулација, го допира секогаш она што е одлучно за одот на Црквата, кој е спасителен од“.
Работата на Меѓународната теолошка комисија се води од „примерот на мирна и конструктивна теолошка расправа, почитувајќи ја харизмата на црковното Научителство и свесни за големата одговорност на позивот на теолозите во Црквата“, потсети кардинал Милер. Односот помеѓу теологијата и Црквата не може да се сведи само на нешто надворешно. Теологијата во својата природа, треба секогаш да допринесува во решението на теолошките проблеми во црковна рамка во посредување, земајќи ги за лични правила точките од верата на кои сведок е Црквата, заклучи на крајот кардиналот Милер.
РВ/В.Н.