Караванот Католици.мк се претстави во Куманово и Скопје
Во среда 05 мај 2016 година Караванот Католици.мк се претстави пред верниците во Куманово и Скопје. На средбата во Скопје присуствуваше Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, кој во своето обраќање ја истакна важната улога на сите католички медиуми во Македонија, нагласувајќи дека заедништвото и нивната меѓусебната соработка придонесува за поуспешно навестување на Евангелието преку дигиталните средствата за комуникација.
На средбата беше претставена работата на порталот Католици.мк, Светлина – христијанско списание и Радио Ватикан – македонска програма, како и платформата Пријатели на Католици.мк.
Караванот Католици.мк своето претставување пред верниците во Апостолскиот егзархат го започна на 2 април во парохиската Црква „Свети Иван Крстител“ – Струмица, а од месец мај продолжува да се претставува во парохиите од Скопска бискупија
к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
За авторот
Слични написи

Бискупот Стојанов и државниот секретар на МНР Димовски одржаа прес конференција по повод посетата на Папата
