Капка чиста вода
Еднаш еден новинар се обиде да ја испровоцира Мајка Тереза
„Мајка Тереза, вие сега имате седумдесет години. Кога ќе умрете, светот ќе изгледа исто како што беше и пред вас. После целиот тој труд кој го вложивте дали нешто се промени во светот?“
Безмалку нетрпелива и со насмевка која освојува му одговори:
„Знаете, никогаш не сакав да го променам светот. Само се обидував да бидам капка чиста вода во која ќе може да се проѕира Божјата љубов. Дали тоа е мала работа?“
Како што се случува често, во просторијата настана тишина. Никој не се осудуваше да каже нешто.
Мајка Тереза повторно се сврте кон новинарот и му рече:
„Зошто и вие не се обидете да бидете капка чиста вода? Тогаш би биле двајца. Дали сте оженети?“
„Да, Мајко Тереза.“
„Ова кажете и го и на вашата сопруга. Тогаш ќе бидеме тројца. Дали имате деца?“
„Да, три.“
„Кажете го ова и на вашите деца. Тогаш ќе бидеме веќе шестмина.“
Да размислиме и да се обидеме сите да бидеме капка вода.
к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк