Како вистински да им простиме на оние кои нè повредиле
Одлучи се да му простиш на тој човек. За тоа е потребно сочувство.
Прво и основно правило е дека ние мораме да се промениме во однос на човекот за кој молиме.
Себе си да се промениш значи да се очистиш од сè што негативно гледаме на тој човек. Да се одлучиме да му простиме на тој човек. За тоа е потребно сочувство.
Да се прости е многу полесно кога сме свесни за сопствените слабости, дека и на нас Бог треба многу да ни прости и дека веќе ни е простено. Треба да се сетиме на фактот дека другиот човек во своето битие е добар затоа што Бог го создал, тој е дете Божјо. Тој човек реагира негативно затоа што и самиот е изнаранет, бидејќи поминал низ негативни искуства.
Луѓето можат само да ни го пружат она што самите го доживеале и искусиле на себе. Така човекот кој растел во семејство полно со љубов, тој ќе биде исполнет со љубов и тоа нема да и биде проблем тоа и на другите да го покаже и да го даде. Но, човек кој има искуство на суровост, човек што е тепан, на кој му зборувале дека ништо не вреди, кој го злоупотребувале и омаловажувале, единствено ќе може такво однесување и да пренесува понатаму затоа што само тоа го научил и не знае за подобро.
Да им простиме на другите не можеме сами, туку за тоа е потребна Божја милост.
Бог чека на нашата одлука за простување, да кажеме: Боже сакам да простам.
Јас не сакам да се врзувам за непростувањето. Сакам да бидам слободен.
Не сакам да се врзам за она негативното во тој друг човек и сакам да бидам слободен и среќен без оглед на она што се случило меѓу нас. Тоа го препуштам на минатото и сакам Бог да ме оздрави. И тогаш Бог има слобода да го промени тој човек на кого сме му простиле, затоа што нашиот грев и негативноста кон тој човек не е повеќе пречка. Тогаш Бог ќе може слободно да дојде до тој човек за да го преобрати и него, тој повеќе да не е врзан за тоа зло затоа што е многу полошо да правиш зло отколку да бидеш жртва на злото.
Преку нашето простување во нас тече Божјата милост и нè оздравува и нас и тој човек. (…)
Како да молиме за другите – накратко
Прво земи го Исус за рака и во духот оди кај тој човек. Обрати му се по име.
1. Прости ми ти мене – што не те разбирав, што за тебе мислам негативно, што те повредив, што те озборував, што не те уважавав.
2. Ти простувам јас тебе – ти ги простувам сите твои навреди, сите неправди кои ми ги нанесе, сите груби зборови, тврдоглавоста, нетрпеливоста. Не те осудувам повеќе. Немам повеќе никакви осуди во мене против тебе. Нема повеќе за тебе за зборувам и да мислам негативно.
3. Во длабочината тој човек ме сака. Во мојата длабочина јас го сакам тој човек.
4. Засакај го тој човек – не делата на човекот, туку човекот. Создади сочувство за тој човек, засакај ја душата на тој човек.
5. Заблагодарувај му се на Бог за тој човек.
6. Моли Божјиот благослов да дојде врз тој човек
Дон Томислав Иванчиќ/Битно.нет/к.мк/Д.И.