Каков е ставот на Црквата за клонирање на луѓе?

Во последно време доста се зборува и пишува за клонирање на животни, а еден американски научник веќе го најави клонирањето и на луѓе. Каков е ставот на Црквата за клонирањето на луѓе?

Што е тоа клонирање? Тоа е бесполно размножување на поединечна индивидуа. Клонирањето на човек би било создавање на сопствено потомство кое би било копија на дотичната личност, зошто ќе имаат потполно иста генетска структура. Едноставно кажано, досега луѓето се раѓаа од татко и мајка, а со клонирањето детето ќе нема два родитела, туку само еден родител. И уште повеќе, ќе биде негова генетска копија. Значи, не би било плод на родителската љубов, туку плод на технички зафат, што денес е можно да се изведе (а не сме сигурни дека досега и не е направено). Негативниот став на Црквата за клонирањето тргнува од јасниот принцип, а тој е дека секакво зафаќање во човечкиот живот мора да го почитува достоинството на човечката личност. Поедноставно, основното прашање е: има ли некој право да манипулира со човечкиот живот? Ако спрема Божјиот закон (и спрема Декларацијата за човечките права на Обединетите нации) никој нема право да убие човек, односно да направи човечкиот живот да биде прекинат на неприроден начин, тогаш никој нема право да направи човечкиот живот да настане на неприроден начин, односно на нечовечки начин, зошто тоа се противи на достоинството на човечката личност. Природен начин на создавање на животот е соеднинување на маж и жена, во љубов. Имено, не е проблем се што може да се направи, туку дали тоа е морално, каде води тоа? Тука можат да се додат и моралните дилеми на други експерименти со луѓето. Црквата јасно учи: Измама е прогласувањето на морална неопределеност (неутралност) на научните истражувања и нивната примена. Од друга страна пак канализирани мерки не можат да се изведат од голата техничка ефективност, ниту пак од корисноста која може да произлезе… Науката и техниката по сопственото внатрешно значење барат безусловно почитување на основните мерила на моралот, мора да служат на човечката личност, нејзините неотуѓиви права, на нејзините вистински и севкупни добра во склад со Божијот наум и неговата воља. (Катехизам на Католичката црква 2294).

Др. дон Анте Матељан, од книгата „Верата во прашања“/Превод:И.П.

Категорија: Размислување

За авторот

Write a Comment

<