Размислување според Евангелието по Матеј 19,16-26, наменето за недела по Педесетница
Кога ќе погледнете некое мало дете во лулка си помислувате колку тоа мало дете е незаштитено. Затоа за него се грижат неговите родители, се грижат за неговиот живот и здравје.
Но, времето минува, детето расте, станува возрасно, независно. И тогаш се случува нешто спротивно. Toj човек заборава на своите родители, а што е уште полошо, крева раката na нив, па дури и ги малтеретира. А понекогаш и полошо. Постигнувајќи некое повисоко ниво во животот започнува да се однесува брутално, цинично, немилосрдно уништува, убивајќи стотици, илјадници невини луѓе.
И тука со право се поставува прашањето: Што се случува со човекот, што влијае толку многу на него за да се промени толку радикално? А одговорот е еден. Сето тоа е гревот, а посебно гревот на гордост. Како што покажува оваа парабола за лозјето, гревот може толку радикално да го смени човекот, начинот на кој размислува и се однесува, да го каменува својот добротвор. Човек може да се претвори од беспомошно суштество во суров тиранин.
Зошто се случува гревот на гордоста да го завладее човекот толку многу и морално да го уништи? Веројатно затоа што родителите во воспитувањето на своите деца забораваат дека нивните деца, нивните животи се дар Божји, а не само плод на човечки раце, труд, не прифаќаат нивните деца да бидат воспитани во Бога. Исто така, можно е родителите да не им всадиле доволно разбирање на своите деца дека човечкиот живот и материјалната благосостојба се пред сѐ дар од Бога, а не личен имот или заслуга. Исто како што работниците во лозјето заборавија дека тие не се негови сопственици, туку сопственикот на лозјето ги вработи за да дадат добар плод.
И според ова, човек е среќен само кога го користи Божјиот дар за Божјата цел, кога во животот доживува сѐ заедно со Бога, кога живее не само за потребите на телото, туку и за Бог, живее за да добие вечен живот.
Гордоста го опфаќа понекогаш човекот и го спречува да сфати дека сите достигнувања во неговиот живот се резултат не само на неговата работа, туку и благодарение на Бога, Неговата добрина и великодушност. Затоа многу често можеме да сретнеме луѓе скршени и незадоволни од животот, особено поради недостаток на материјално богатство, и сето тоа затоа што се потпираа само на својата сила, ум и раце, и ако некогаш изгубат нешто, се разочарани од животот, од Бог. И тоа се случува затоа што го заборавија Божјото присуство во нивните животи, заборавија да му се заблагодарат на Бога за Неговите дарови.
Еден богат човек за време на својот живот не размислувал за ништо друго освен за богатство и овоземно богатство. И кога се разболел сериозно, семејството сакало да повика свештеник, но болниот не сакал, бидејќи тој никогаш не мислел за душата. Здравствената состојба му се влошувала, се ближело крајот на животот, но семејството сепак одлучува да повика свештеник. Болниот сѐ уште е свесен, па свештеникот почнал да го потсетува на Господ и да го охрабри да се исповеда. Свештеникот држел крст во рацете, а совеста на пациентот изгледала вознемирена, а при тоа многу внимателно гледал во крстот. Но, тоа само изгледаше така, бидејќи, се испостави, тој сепак билзаинтересиран за среброто од кое што беше направен крстот. По некое време, пациентот прашал: „Кажи ми, оче, колку чини овој сребрен крст?” По овие зборови, тој се онесвестил и умрел без покајание. Како што можеме да видиме, тој не сакал да размислува ниту за Бог, бидејќи неговиот бог беше земното богоатство. Со тоа живееше со тоа и умре.
На Бог не му се потребни овоземни плодови: грозје, јаболки, пченица, туку очекува духовни плодови од нас – нашата благодарност, љубов, да сфатиме дека сѐ во нашиот живот не е само постигнување на нашите сопствени напори, туку дар на Неговата љубов кон нас, плод на Неговиот благослов и ги исполнува нашите човечки напори со тие плодови. И тогаш ова сеќавање на Божјата добрина ќе го заштити нашето сеќавање, нашите животи од деструктивните ефекти на разни гревови.
За да не нѐ уништи гревот, да се потсетиме кој го поседува нашиот живот, кој е неговиот вистински сопственик, за што и за кого живееме на земјата – за Бога, да добиеме една важна награда за земниот живот – вечен живот во лозјето, царството небесно и таму да се радуваме во љубовта на својот господар Небесенниот Отец, кој нѐ љуби.
Редемптористи/к.мк