Каква порака испараќа твојата облека?
Многу жени велат: „Јас носам она што го сакам, а ако мажот има проблем со тоа, тогаш тоа е само негов проблем“.
Проблемот е во тоа што многу жени не се ни свесни дека мажите и жените се различно „насочени“. Мажите многу повеќе посветуваат внимание на визуелното. На нив повеќе влијае она што го гледаат. Особено тоа се однесува на областа на сексуалноста. Погледот кон женското тело може многу да ги возбуди.
Жените се поразлични. Вистина е дека жените сакаат да видат добро градено тело кај мажот, но таа визуелна слика не ги погодува на ист начин како мажите. Жените најпрво се поттикнуваат на допирот и зборовите. Љубовните зборови и нежноста искажани во интимните односи, на жените им значат многу повеќе отколку она што го гледаат.
Значи, кога жената вели: „Ако тој има проблем со начинот на кој сум облечена, тоа е негов проблем“, таа така зборува, бидејќи не разбира зошто начинот на кој е облечена би бил таков проблем за мажите. Таа никогаш лично не имала таков вид на проблем.
Но за мажите тоа е проблем. Но тоа не значи дека тие се перверзни или сексуални манијаци. Тоа само значи дека мажите се насочени на таков начин. Тие не барале да бидат такви. Многу од нив најверојатно би сакале да не се така визуелно ориентирани. Но тие сами на себе не можат да си помогнат. Тие се потикнати од она што го гледаат.
Да ви поедноставам: едноставно, не е убаво да се однесувате кон мажите на тој начин. Доволно е тешко да се живее во чистота. На мажите не им е потребно жените да се облекуваат на начин со кој дополнително им се отежнува живеењето во чистота. На овој начин, не им помагаме и не им искажуваме љубов.
Многу од „добрите“ момчиња кои се обидуваат да живеат во чистота, велат дека доколку жената не е облечена скромно, нејзната облека (или недостатокот од облеката) не дава можност да бидат запознаени како личности. Жената не е група од „делови“. Таа е совршен човек, со душа, личност, таа е единствена слика и образ на Бога која живее во своето тело. Но ако е облечена на начин кој ги нагласува нејзините интимни „делови“, може многу лесно да го привлече вниманието на мажите, без оглед дали тој сака или не. Овие делови едноставно го привлекуваат неговото внимание и го оддалечуваат од вистинското запознавање на жената како личност.
Значи, жени, што попрво би одбрале? Мажот кој ве гледа говорејќи: „Таа изгледа како добра личност. Би сакал подобро да ја запознаам“ или оној кој ве гледа и веднаш размислува за сексулни односи. Јас знам кој би го избрала.
Пристојното, скромно облекување не значи, повторувам, не значи непривлечно облекување. Добро е привлечно да се облекува. Бог ни ги даде нашите тела – тие имаат достоинство. Ние сакаме тоа да го покажеме на начинот на кој себе си се претставуваме пред светот. Но скромното облекување значи покажување на вашата целосна личност, а не само привлекување внимание на интимните делови од вашето тело. Погрижете се вашиот начин на облекување да ја открие вашата внатрешна личност, а не да ја става во сенка.
Која облека би била премногу предизвикувачка? На ова прашање, тешко е да се даде општ одговор. Облеката која премногу открива или предизвикува преголемо внимание насочено кон интимните делови е, во секој поглед, непристојна.Непристојна може да биде и некој друг вид облека. Најдобро би било да одберете маж кому можете да му верувате, со кој не сте во љубовна врска и кој разбира и жевее во чистота и прашајте го него дали вашата облека е пристојна или несоодветна и предизвикувачка.
Ако не ја одобруваат „ги спуштуваат палците надолу“, преоблечете се. Таквата облека не е вредна да ја чувате.
Битно нет/Б.Р.