Каде што нема љубов кон старите, нема ниту иднина за младите
Пораката која ја испрати папата Фрањо за време на Генералната адиенција е дека нема иднина за младите доколку нема љубов кон старите.
Драги браќа и сестри,
Каде што нема љубов кон старите, нема ниту иднина за младите – рече Светиот Отец на Генералната аудиенција на 4 март на плоштадот Свети Петар. Благодарение на напредокот на медицината, животот е продолжен, но општеството сепак не се приширува, ниту се отворило за живот. Бројот на старите луѓе се зголеми, но нашето општество не се организира во доволна мера, со должното почитување и соодветно разбирање на нивната кревкост и достоинство и за нив да има место. Додека сме млади, склони сме да ја игнорираме староста како да се работи за некоја болест која треба да се отстрани; сепак кога ќе остариме посебно ако сме сиромашни, болни и сами ќе ја искусиме празнината на општеството кое се заснова на ефикасноста и ги занемарува старите луѓе.
Светиот Отец потоа ги наведе зборовите на Бенедикт XVI кој по повод посетата на дом за стари луѓе истакнал: Квалитетот на општеството, односно цивилизацијата, се суди според тоа како се однесува кон старите и според местото кое им го обезбедува во заедницата (12 декември 2012 година) Дали има внимание и место за старите? Цивилизацијата ќе напредува ако умее да ја почитува мудроста на старите луѓе. Општество кое нема место за старите луѓе или тие се занемарени, бидејќи создаваат проблеми, во себе го носат вирусот на смртта – кречежа Папата.
Бројот на децата опаѓа, а на старите расте и тој дисбаланс е предизвик за современото општество. Културата на профит сака исто така старите луѓе да ги прикаже како товар. Не само што не произведуваат, туку и се напорни: на крајот се отфрлуваат. Не се осудуваат да го кажат тоа отворено, но така постапуваат! – објасни папата Фрањо и додаде:
Во мојата служба во Буенос Аирес со рака можев да ја опипам таа реалност: старите луѓе се напуштени и тоа не само во материјалниот поглед, туку и заради неспособноста за прифаќање на нивните граници кои на некој начин ги одржуваат и нашите граници. Владее консумирачки модел, дека единствено младите можат да бидат корисни и можат да уживат. Старите луѓе за целото општество би требало да бидат народната резерва на мудрости.
Во традицијата на Црквата постои доза на мудрост која отсекогаш ја поддржувала културата на близина на старите; подготвеност за чувствително и солидарно следење на луѓето во последниот стадиум од животот. Таквата традиција е заснована на Светото Писмо, како што сведочи и следниот израз од книга Сирахова „Не потценувај го говорот на старците, зашто и тие учеле од своите родители; (Сир 8, 11). Црквата не може и не сака да се согласи со менталитетот на избегнување на страдањата, а посебно со рамнодушност и потценување, во соочувањето со староста. Треба повоторно да го продлабочиме колективното чувство на благодарност, почитување, гостољубивост, за старите да се почувствуваат како жив дел од заедницата во која живеат – поттикна Светиот Отец.
Старите се луѓе, мајки и татковци кои ни претходат на нашиот пат, со нас се во нашата сопствена куќа и заедно со нас во секојдневната борба за достоинствен живот. Тоа се луѓе од кои многу сме примиле и не се странци. За малку или за многу време, но сепак неизбежно – макар што за тоа не размислуваме – и ние ќе бидеме стари. Ако ние не научиме да ги третираме добро, ниту кон нас нема да се однесуваат добро – истакна Папата. Сите стари по малку се чувствителни. Некои меѓу нив посебно се слаби и многу од нив се обележани со болест. Некои од нив зависат од неопходни лекови и вниманието на другите. Дали заради тоа ќе се оддалечиме од нив ; да се извлечеме чекор назад и да ги препуштиме на нивната судбина? – праша Светиот Отец.
Општество без близина во кое недостасува бесплатноста и сочувството – па и кон странците – е перверзно општество. Црквата верна на Божјото Слово не може да поднесе такво нарушување. Христијанска заедница во која близината и бесплатноста повеќе не се сметаат за неопходни би ја изгубила заедно со нив и својата душа. Каде што нема љубов кон старите, нема ниту иднина за младите – заврши на крајот папата Фрањо.
РВ/Д.И.