И покрај стравот направи го првиот чекор!

И покрај стравот направи го првиот чекор!

На ум ги имам сите видови идеи за животот, плановите за блиската иднина, за совршената работа. Веројатно во овој момент ја поттикнав твојата фантазија и си визуелизираш сè што сакаш, а што сè уште не се остварило.

Но што можеме со тоа да направиме? Го чекаш ли вистинскиот момент да можеш да кажеш: да, ова е токму вистинското време за да делувам? Чекаш ли кога ќе имаш доволно пари, кога ќе го пронајдеш совршениот маж, кога ќе го поправиш својот емоционален живот или да завршиш уште некој факултет? Знаеш ли кога ќе дојде тоа совршено време? Јас знам – никогаш.

Не чекај мана да падне од небото

Тоа е како да фрлаш канта со ладна вода врз главата. После сè, имаш добро разработен план и штом се укаже прилика, ќе почнеш да го остваруваш. Во меѓувреме, мораш за тоа да се подготвиш. Не можеш само да почнеш. Нема да почнеш да фотографираш додека не си купиш добар фотоапарат (после, тој од тебе ќе направи професионален фотограф); нема да започнеш да трчаш, затоа што не можеш да си дозволиш посебни тренерки за трчање; нема да одиш на работа (иако ти треба), затоа што економските услови се под твоите очекувања; нема да одиш на состанокот затоа што оваа момче не е ниту близу до оној идеалниот.

Експерти сме во препуштањето на креативни визии. Тешко ни е да направиме мал чекор за да ги оствариме. На ист начин, како и на прифаќањето на фактите дека е доволно она што го имаме за промена на нашите животи. Затоа што, ако треба да работиш, тоа мора да биде во позната фирма; ако треба да ја водиш работата, таа мора уште од почеток да биде исплатлива; ако треба да сликаш, тоа мора да бидат уметнички дела.

Малкумина се сеќаваат дека најголемите на овој свет почнале од нешто непривлечно. Страста? Доаѓа подоцна. Прво е работата. Поради чекањето маната да падне од небото, нема да престанеме да бидеме гладни.

Стравот може да се претвори во твој сојузник

Колку пати од другите сум слушнала како ми зборуваат за желбата да го достигнат својот најголем личен напредок. Леле! Јас самата многу зборувам за тоа. Повеќе пати тоа го кажувам отколку што го правам. Нов проект, нова веб страница, работилници за сè и сешто. И што? И ништо! Пред да направиме било каков чекор кој нè тера да дејствуваме, или нè кочи стравот или болниот перфекционизам! Или најчесто двете. Не го пишувам тоа од перспектива како една сезнајка, нуту како еден самопрогласен „тренер“.

Тоа го пишувам од своето искуство. Многу ми се допаѓа само – уверувањето ако почнам нешто да правам, тоа не мора да биде совршено; ако направам грешка, нема ништо да се случи. И што ќе се случи ако не успеам? Секој следен пат ќе бидам попаметна, затоа што не можам да се заштитам од неуспехот. Подобро е да се збунам отколку ништо да не направам. Страв? Тој ќе нè следи целиот живот, без оглед на идните предизвици. Не постои ниту еден лек за тоа. Најмногу што може да се направи, е да се направи стравот да стане наш сојузник. Подобро е тоа да го направиш пред да те прекрие пајажина додека седиш на креветот.

Прв чекор: започни го тоа и прави го

Се сеќаваш ли на филмот на Кристофер Конциарз „Прв чекор“ (Krok pierwszy), кој што пред некое време беше популарен на интернет? Најдобрата лекција која можеме од него да ја научиме е: „Не мораш да имаш голем талент. Секоја страст која ја имаш во себе, е првиот чекор.“ Нема потреба веднаш да се започне со високо „Ц“. Може да почнеш со сопствениот ритам, но започни. Дури и ако она што го почнуваш е поразлично од онаа што си го сонувал. Никогаш не знаеш до каде ќе те одведе тој пат.

Неодамна слушнав за една мудра реченица: „You create your life by living“ (својот живот го создаваш живеејќи). И колку може да се создаде, ако си со скрстени раце? Време е да ги погледнеш можностите, а не ограничувањата. И престани да чекаш чудо.

Млади католици/к.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот