Десетти ден: Душата гори од љубов кон Пресветото Срце
Горливата душа секогаш тежнее кон она што е најсовршено, зашто горливоста е расцут на љубовта. Во текот на овој ден, враќај се на својот првичен жар и повторно разбуди ја ревноста што го вдахновуваше твоето првично предавање на Бога.
Дозволи твојот пример да изградува, да поттикнува и да води. Една душа може да биде навистина ревносна: таа проповеда, сведочи за Исус, поттикнува на обраќање. Таа ги усовршува другите и без ниту еден збор, а пред Бога ќе ги има сите заслуги за доброто што нејзиниот пример ќе го поттикне.
Со жарот на својата љубов биди и утешител на Божественото Срце. Често кажувај Му дека Го љубиш, дека копнееш по она што Нему Му е мило, и во сè настојувај да Му ја докажеш таа желба. Со еден збор, во текот на овој ден направи што е можно повеќе дела на љубов.
Пресвето Срце Исусово, дарувај ми секој час способност да Те љубам сè повеќе и повеќе.
Кармел-бси/к.мк

