Исус е подготвен секогаш да ни прости

Исус е подготвен секогаш да ни прости

Во својата проповед, за време на светата Литургија во римската парохија Света Магдалена од Каноси, Папата на верниците прво им го сврте вниманието на тоа дека во евангелскиот дел, во два наврата се зборува за убавината на Исусовото лице; за Исус Бог; чие лице блеска, полно со радост и живот.

По повод самата визија, кога пред учениците се преобразува и лицето му станува светло како сонце; и кога слегнува од гората, кога им налага да молчат за тоа што го доживеале, сѐ додека не воскресне од мртвите.

На Воскресението Исус ќе има исто така светло лице – рече Папата – но, што со тоа сака да ни порача? – праша и продолжи: Помеѓу преобразеното и блескаво лице Исусово на гората и она славно лице во моментот на своето воскресение, Исус ќе има едно сосема различно лице – лице кое не е убаво, кое е изнакажено, измачено, понижено, раскрварено – рече папата Фрањо.

Исус, Син Божји, миленик на Отецот и Бог – се поништува за да нѐ спаси. Зборот кој го користи Павле за овој Исусов чин е дека Исус се „направи грев“, а гревот е најгрдата работа; тоа е навреда и шлаканица на Бог: кажи му. „Ништо не ми значиш! Мене ми е мило ова (гревот). Целосно се поништува и до крајот се понижува и – учениците да не се соблазнат за таквиот Исус – пред нив се преобразува – рече Светиот Отец.

Кога се исповедуваме и ги изнесуваме своите гревови и почувствуваме дека ни е простено, тоа е заради тоа што Тој ги земал и ги понел нашите гревови, во својата мака; „се направил грев“. Папата понатаму ја истакнува важноста за познавање на двете овие лице на Господ: она светлото и славно од визијата на гората – што е истото она лице на Воскреснатиот кој нѐ чека во небото – и она другото: лицето на страдалник, изобличено лице на Оној кој заради нашите гревови, а заради нашето спасение – се направи грев.

Платил така за сите нас. Благословениот син во Маката станува проклет син, затоа што на себе ги презема нашите гревови. Да мислиме на тоа… Колкава љубов! Да мислиме исто така и на преобразеното Исусово лице кое ќе го сретнеме во небото…

Контемплацијата на овие две Исусови лице нека нѐ охрабри и да продолжиме да одиме напред на патот на животот – христијанскиот живот. Нека нѐ поттикне на покајание и барање прошка за своите гревови и да не грешиме толку. На крајот, нека тоа разбуди доверба – затоа што ако Он се „направи грев“ тоа е затоа што ги зеде на себе нашите гревови. Тој секогаш е подготвен да ни прости – сѐ што треба е да го замолиме за прошка – рече на крајот од својата проповед Светиот Отец.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот