Папата Фрањо: Денес ја живееме Третата светска војна

Папата Фрањо: Денес ја живееме Третата светска војна

На 1 септември 1939 година нацистичка Германија ја нападна Полска, предизвикувајќи ја Втората светска војна, која предизвика речиси 70 милиони жртви. Агресијата која драматично потсетува на денешните жртви и уништувањето предизвикано од конфликтите во нашиот свет, што изгледа не е научена лекцијата: всушност, Папата зборува за „трета“ светска војна, не „во делови“, како што до сега повеќе пати кажа, туку очигледно , глобално.

Тоа го кажа во текот на поздравот на верниците кои зборуваат на полски јазик за време на Генералната аудиенција, во салата Павле VI, се присети на годишното одбележување на 1 септември во Полска, започнувајќи од првиот град погоден од бомбардирањата, Виелун. Како што потоа рече:

„Утре ќе ја одбележиме годишнина од избувнувањето на Втората светска војна, која остави толку болен спомен на полскиот народ. А денес ja живееме Третата светска војна. Нека сеќавањата на минатите искуства поттикне да го негувате мирот во себе, во своите семејства, во општествениот и меѓународниот живот.“

Толку саканиот и очекуван мир, на кој толку пати повикува, го поттикна на Папата да додаде: „Да се помолиме на посебен начин за украинскиот народ.“

Обраќајќи им се пак на верниците кои зборуваат италјански јазик, папата Фрањо изрази загриженост заради насилните настани кои последните денови се случија во Багдад. Повика на мир и се присети на своето патување во 2021 година меѓу луѓето кои се копнеат за „нормалност“:

„Да го молиме Бог да подари мир на ирачкиот народ. Минатата година ја имав радоста да го посетам Ирак и од блиску ја почувствував големата желба за нормалност и мирен соживот помеѓу различните верски заедници во земјата. Дијалогот и братството се начинот за да се соочиме со моменталните потешкотии и да ја постигнеме таа цел.“

Папата на крајот се присети на граѓаните на Аматриче, Акумули и Арквато дел Тронто присутни во салата на Павле VI.

На ден 24 август 2016 година силен земјотрес ја погоди централна Италија, срамнувајќи ги овие градови и населени места со земјата. Само во Аматриче имаше 237 жртви од вкупно 299. „Присетувајќи се на покојните во молитвата, ја обновувам – рече Папата, близината со срцата на нивните семејства.“ Изрази надеж дека институционалната помош и помошта од „луѓето со добра волја“ ќе продолжи за да се придвижи кон „заживување“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот