Исус да се сретне преку сведоштвата на катехистите
За младите да се воодушевуваат за Евангелието во период кога е раширена верска рамнодушност, потребно е Христос да биде видлив во сведочењето на катехистите и заедниците на верници – истакна папата Фрањо во говорот кој го предаде на португалските епископи, по повод нивната посета Ад Лимина.
Кога Исус ги прашал своите ученици: Да не сакате и вие да си заминете? Петар одговорил: Господи, каде да одиме? Ти имаш зборови за вечен живот! Тоа – смета Папата – покажува дека Исусовиот предлог бил уверлив. Но, многу месни Цркви во 21 век се без млади и тоа затоа што нашите предлагања на верата во Исус не се доволно уверливи.
Во говорот кој има за цел да биде луцидна самокритика, Папата истакнува и серија позитивни аспекти на Црквата во Португалија: ја карактеризира братскиот однос на епископите и ја слушаат поголем дел од населението и националните институции, макар што не го следат секогаш нејзиниот глас. Таа е Црква која во 2013 година започна процес на обнова, особено на подрачјето на пасторалот, барајќи од своите членови три работи: обраќање, заедништво и послание – потсети Светиот Отец.
Прифаќајќи ја таа иницијатива со голема радост, Папата истакна некои факти кои го оспоруваат нејзиното остварување – и кои не се ограничени само на Црквата во Португалија. Како мерило за ефикасноста на пасторалните планови, Папата ја наведува збунетоста на младите и нивното напуштање на Црквата. Се прашуваме – поттикна – нè напуштаат затоа што така одлучиле? Или така одлучиле затоа што не ги интересира она што сме им го понудиле? Не ги интересира ли понудата затоа што не нуди одговори на проблемите и прашањата кои денес ги мачат?
Сигурно преовладува мислата која човекот го гледа како творец на самиот себе и целосно опиен од слободата го отежнува прифаќањето на идејата на звањето во нејзината најголема смисла – повиците кои ни ги упатува самиот Творец на животот. Исусовиот лик и живот – според мислењето на папата Фрањо – добро се претставени во катехезите, но можеби е потешко да се сретнат во животните сведоштва на катехистите и целата заедница. Ако Исус Христос распнат и воскреснат е присутен во катехистите и заедниците, ако Исус оди со младите и зборува во нивното срце, тогаш сигурно ќе ја разбуди нивната желба.
Во суштина катехистите и целата заедница се повикани да поминат од школскиот кон катекуменскиот модел: не само интелектуално познавање, туку и лична средба со Исус Христос, доживеан во динамиката на формацијата за сопственото звање. Не може да се случи да имаме толку невработени млади, а за Царството небесно да недостасуваат работници и слуги – рече Папата.
Светиот Отец понатаму ги поттикна епископите да истрајат во напорот на постојана и систематска евангелизација, не обесхрабрувајќи се заради ситуацијата – како што рече – предизвикува збунетост и горчина како стагнацијата на некои парохии, затвореност на други во ликот на сопствениот парох, пасторалниот активизам на поедини свештеници кои ја занемаруваат молитвата и духовната длабочина кои се важни за евангелизацијата или пак за големиот број млади кои го напуштат практичниот христијански живот по миропомазанието заради недостаток на парохиска формација на младите по светата Тајна Миропомазание. На крајот Папата истакна дека сè треба да започне од личното и пасторалното обраќање на пастирите и верниците за сите радосно да можат да кажат: „Црквата е наш дом.“
РВ/к.мк/Д.И.