Истражување: Пилулите за контрацепција го тенчат мозокот
Новото истражување на Универзитетот во во Лос Анџелес, Калифорнија, укажува на поврзаноста на користењето орални контрацептиви кај жените и истенчување на одредени делови на мозокот.
Истражувањето, кое во април е објавено во списанието Human Brain Mapping е мерило за дебелината на мозокот кај 90 жени, од кои 44 користеле контрацептевни пилули, додека 46 имале природен циклус. Според резултатите на истражувањето, постои голема поврзаност на користењето на комбинирана форма на орални контрацептиви со истенчување на двата дела на мозокот – пренесува Catholic News Agency.
Овие две области во кои е забалежано истенчувањето поврзани се со регулирањето на емоциите и активностите како што се помнењето и планирањето за иднината. Иако студиите ја мерија само мозочната структура, резултатите укажуваат дека може да постои и поврзаност со однесувањето. Бидејќи ова истражување е едно од првите од таков вид, тешко е да се дојде до дефинитивни заклучоци и потребни се и понатамошни истражувања, кои би утврдиле дали ова истенчување е трајно или привремено.
Лари Кахил, професор по неурологија и однесување на Универзитетот во во Ирвин, Калифорнија, како и еден од авторите на истражувањето, рече дека е изненадувачки што е слабо истражено влијанието на контрацептивната пилула, со оглед на тоа колку долго се на пазарот. „Би помислиле дека и по 50 години на стотина милиони жени кои користаат различни верзии на пилули, би требало да постои големи и усогласени доказни материјали за нив, но не постои речиси ништо“ – рече Кахил.
Ваквите студии се дел од растечките истражувачки податоци за разликите во мозокот помеѓу машкото и женското, кои ја доведуваат до прашање одамна усвоената претпоставка дека мажите и жените всушност биолошки се исти, освен репродиктивните органи – напомена професорот Кахил и објасни: Нашите претпоставки сите нѐ заслепуваат, додека едноставно се претпоставувало дека единствената разлика помеѓу машкото и женското е во половите органи. Сега сме свесни дека тоа не е точно. Како што рече, „насекаде наоѓаме разлики помеѓу машкото и женското“ и важно е да престанеме да го прифаќаме како здраво за готово дека „жените се само мажи“ со дополнителни хормони.
Важно е да се продолжи да се истражуваат можните добри, лоши или неутрални ефекти од средствата кои милиони жени ги користаат – напомена професорот по неуробиологија, додавајќи: „Сакате да работите врз основа на знаењето, а не на целосниот недостаток на знаење“,
РВ/З.А.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк