Исповедта: „Најрадикално еколошко дело“
На крајот на времињата, ќе ни се суди врз основа на Христовата вистина, вистината за нашата љубов кон него. Меѓутоа, само Христос може да не направи способни вистински да го сакаме.
Тој е и судија и спасител, правда и љубов, вистина и милосрдие. Сето тоа, пак, се среќава во големата света тајна на милосрдието, во светотаинската исповед, истакна кардиналот Мауро Пјаченца, главен исповедник, во божиќното писмо до исповедниците.
Божиќ нема ништо заедничко со бајковитите и за шеќерени сфаќања, туку претставува свето таинство по кое на светот му доаѓа Божјото милосрдие, потсети кардиналот. Кој исто така пишува дека ќе бидеме судени врз основа на нашата љубов кон Христос, но дека таа сеедно, поради гревот, е „ранета љубов“. Затоа потребно е да се овистини, односно да се „прочисти и спаси“. Меѓутоа, ниедна општествена или црковна структура, морално охрабрување или човечка стратегија не може тоа да го направи. Тоа може, нагласува кардиналот, само милоста на Исус Христос. Единствено тој го ослободува човекот за да може вистински да сака.
Кардиналот истакнува дека при секоја исповед, преку исповедникот и Божјата волја, душата ја води овоплотениот, умрениот и воскреснатиот Христос. Во признавањето на своите гревови, покорникот се отвора пред големата Христова вистина и неговото милосрдие, кое го милува, одрешува и преобразува.
Исповедниците затоа радосно го посветуваат својот живот во служба на таа средба со вистината и милосрдието. Се работи, според зборовите на кардиналот, за служба која се врши во закрила, но која својата сила ја наоѓа во благодарноста за неизмерното овластување: да може да се водат, светотаински па така и вистински, браќата пред витлеемската пештера и да се поврзат со милосрдното Исусово срце, и на крајот да се видат препородени во вистинскиот живот.
Во исповедалницата може да се роди еден вистински мир кој му е потребен на светот, единствена помош која е навистина делотворна за целото човештво и која, од исповед до исповед, чисти од гревовите и така спасува од најубиствената „магла“. Во исповедта се одвива најрадикалното еколошко дело кое може да се направи, истакна кардиналот Пјаченца.
Понатаму, кардиналот ги поттикнува исповедниците на молитва за да и нив самите Божјето милосрдие постојано ги чисти, и во секоја исповед, преку таинството на Овоплотеното слово, ги преобразува.
РВ/В.Н.