Индија: Отец Томас Узуналил наскоро ќе биде ослободен

Отец Томас Узуналил, кој припаѓа на Редот на салезијанците и беше киднапиран од исламисти во Аден на 4 март во Јемен, е жив и „се чувствува добро“.

Во моментов се вршат „последни напори“ да се „гарантира неговото ослободување“. Ова го изјави висок претставник на владата на Индија, со што даде нови надежи за брзо ослободување на свештеникот. Сепак локалната Црква, според агенција AsiaNews – повикува на претпазливост, а во исто време го задржува оптимизмот за позитивен исход, поради постоење на „нови докази“.

Индиски католички извори кои ги повторуваат зборовите на министерот за надворешни работи на Индија, г-ѓа Сушма Свараџ, јавуваат дека отец Том „е безбеден“ и преговорите за негово ослободување се во „завршна фаза“. Освен тоа индискиот свештеник не бил во рацете на џихадисти од т.н. Исламска држава, туку бил киднапиран од „анти-владини групи“ кои дејствуваат на територијата на Јемен. Овие вести укажуваат дека станува збор за шиитски бунтовници, кои повеќе од една година се борат против владините сили. Официјална потврда за нивното учество не е потврдено. „Преговорите продолжуваат напорно – истакнува индиската католичка агенција – и неговото ослободување е неизбежно“.

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Свет

За авторот