„Или заедно ќе живееме или заедно ќе умреме“

Од првиот ден на Меѓурелигиската средба за мир во Асизи испратени се и првите пораки на учесниците меѓу кои ги издовјуваме:

Проф. Андреа Рикарди од заедницата Свети Егидиј потсетува дека веќе триесет години духот на Асизи „воспоставува братство, ги умножува делата на мирот, создава свест за врската меѓу различните верски заедници, спротивставувајќи се на „поробувањето на религиите од страна на војната или тероризмот.“ Рикарди истакна дека на ваква средба се случува едно ослободување и зборувајќи за важноста на умешноста во дијалогот заклучува: „дијалогот е сфаќање за соживотот: или заедно ќе живееме или заедно ќе умреме.“

Цариградскиот екуменски патријарх Вартоломеј I зборуваше за економијата и екологијата и нагласи дека секое „човечко дејствување остава траен белег на сиромашните земји.“ Насилството и неправедата се кршат со дијалогот: преку внатрешната промена која се шири и станува глобална токму со прифаќањето на дијалогот. За патријархот „мирот е заеднички потфат“ и мора да биде „екуменски одговор на екуменската одговорност.“

Мохамед Самак политички советник на големиот муфтија во Либан истакнува дека „за муслиманите е основна должноста да се соочат со проблемот на верскиот екстремизам“; да се ослободат од екстремистите кои го користат исламот „како оружје за освета; тоталитаристичко движење во име на религијата.“ Напротив исламот верува во плурализам и ја смета различноста меѓу луѓето израз од Бог дадена обврска сите луѓе да бидат различни.

Израелскиот рабин Абрахам Стеинберг потсети на библиската и талмудската наука која не гледа алтернатива за мирот во меѓународниот соживот и според која „да се убие заради несогласување е најголем грев.“

Надбискупот на Руен монс. Доменик Лебрун присетувајќи се на убиството на о. Жак Хамел порача дека признатото мачеништво не смее да биде повод за конфликти и осуда туку за радост за благодарноста заради сведоштвото на верата.

Социологот професорот на универзитетот во Лидс Зигмунд Бауман по патеката на проучувањето на папата Фрањо истакнува три предизвици за човештвото: првиот промоција на културата на дијалогот заради обнова на ткивото на општеството; потоа еднаква „распределба на плодовите на земјата и работата, не како милосрдие туку како морална должност“ и поставување на културата на дијалог во центарот на образованието за да им се даде на младите „оружјето за да се решат конфликтите поинаку, но досега што сме направиле.“ Во денешниот глобализиран свет во кој сите зависиме едни од други, толкува Бауман, повеќе не постои поделба на „нас и нив“ затоа што концептот „ние и тие“ во глобалниот свет исчезнува останува само „ние“, а ние сè уште не сме развиле космополитска свест и во овој момент се служиме со методите на минатото. Тоа е стапица и предизвик за овој момент на историјата.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Свет

За авторот