Околу триста израелски научници јавно ја изразија својата поддршка за христијанските заедници во земјата, кои се изложени на сè почести непријателства и напади.
Научниците кои се занимаваат со верски и општествени науки на израелските универзитети и високо образовни институции напишаа отворено писмо во одбрана на христијаните и нивните институции во нивната земја. „Бараме властите итно и одлучно да преземат чекори против одговорните за овие казнени дела и да ги заштитат припадниците на сите вери од омраза, непромисленост и насилство“, се вели во отвореното писмо кое кружи меѓу христијаните во Израел.
Потписниците на писмото укажуваат на почитување на долгата традиција која ги поврзува христијаните со Светата Земја како и со богатото христијанско наследство. „Важно ни е долгогодишното непрекинато присуство на христијаните во Ерусалим и на други места“, се наведува во писмото напишано на осум јазици.
Потписниците се предавачи на бројни универзитети, високо образовани и други научни институции, вклучително и од Музејот на Израел во Ерусалим и универзитетите во Тел Авив, Ерусалим, Бар-Илан и Хаифа. Меѓу потписниците е и историчарот Јиска Харани, добитник на наградата „Mount Zion“ за меѓуверски дијалог.
Ватикан њуз/к.мк