Во 2019 година секој ден за да ги избегнат војните, прогонствата, тешките климатски промени и природните катастрофи, своите домови ги напуштиле повеќе од 27.000 луѓе, што значи во година дена 10 милиони, а со тој број вкупниот број на луѓето кои биле принудени да побегнат се зголеми на 80 милиони односно на 1,1% од светското население.
Во 2019 година секој ден за да ги избегнат војните, прогонствата, тешките климатски промени и природните катастрофи, своите домови ги напуштиле повеќе од 27.000 луѓе, што значи во година дена 10 милиони, а со тој број вкупниот број на луѓето кои биле принудени да побегнат се зголеми на 80 милиони односно на 1,1% од светското население. Се работи за бројка која за 10 години двојно се зголеми и која укажува на 47 милиони луѓе кои се раселени внатре во своите земји, повеќе од 4 милиони азиланти, повеќе од 29 милиони и 500.000 бегалци и други луѓе кои се присилени да побегнат надвор од своите земји. Тие се многу големи бројки кои покажуваат дека мирот сè повеќе се лизга – рече Кјара Кардолети претставничка на УНХЦР за Италија, Светиот Престол и Сан Марино и истакна, бегалците се сведоци за тоа, но не можат тие да плаќаат за таа реалност за која не се одговорни.
Тие луѓе доаѓаат од земји кои се погодени од долготрајни конфликти, како што се Авганистан кој влезе во 5 деценискиот конфликт. Една од новите војни е таа во Сирија која влегува во десетата година од конфликтот и кој е единствено одговорен за заминувањето на повеќе од 13 милиони луѓе. Две третини од бегалците доаѓаат од пет земји, а тие се: Сирија, Венецуела, Авганистан, Јужен Судан и Мјанмар. Денес многу загрижува тоа што нестабилни подрачја се Демократска Република Конго и Западна Африка. Ситуацијата е уште потешка ако се земе во обзир големиот број бегалци малолетници кој е околу 30 до 34 милиони, десетици од нив се без придружба – рече Кјара Кардолети и напомена: Освен тоа треба да се потсети на фактот дека осум бегалци од 10 живеат во земји во развој кои често се подрачја погодени од прехранбена несигурност и голема неисхранетост, изоложени на ризикот на климатските промени и природните катастрофи.
Турција со 3 милиони и 600.000 бегалци е земја која прими најмногу бегалци. Следи Колумбија со 1 милион и 800 000 и потоа Пакистан, Уганда и Германија, единствена европска земја која е на врвот на листата по бројот на примени бегалци. (…)
Мачна е помислата на тоа дека повеќе не можат да се вратат дома затоа што на бегалците можност за организирање и дозвола за враќање значитело е намалена. Ако деведесетте години од минатиот век годишниот просек за враќање на бегалците беше еден милион и 500.000 сега падна на 385. 000. Кој доаѓа во некоја земја како бегалец, тој е како дете кое ползи, потребен му е некој да го држи на нозе за да оди добро – рече Бертин Нзонза основателка на здружението за бегалци Мозаик – ација во Торино, која во 2002 година доаѓа во Италија од Демократска Република Конго. Тие кои бегаат со себе носат голема вистина дека не се товар, туку дека имаат вредности и способности кои можат да бидат корисни на оние кои ги примаат.
Кога ќе ја напуштите својата земја, ги оставате сите свои спомени и радости – рече Доуа Алкока деветнесетгодишна бегалка од Сирија, од Дамаск, која во 2016 година со семејство пристигнува во Италија во Калабрија, а пред тоа поминала тежок период во Либанон. Тоа е потресно сведоштво на оние кои после стравот дека нема да успеат да научат италијански јазик и тагата што се далеку од сопствената земја каде можеби никогаш нема да се вратат, ја нашле среќата и можноста за враќање и студирање. (…)
Не можеме да го заборавиме девојчето од 5 месеци кое загина во последниот бродолом во близина на либискиот брег, заедно со уште едно дете чие тело е најдено на плажата. Никој кој има совест не може на тоа да остане рамнодушен – рче Кјара Кардолети и го објасни ставот на УНХЦР- Ситуацијата во Либија е многу сложена, луѓето се крајно ранливи, затоа е важно спасување на море и запирање на враќањето во Либија што е тешко и опасно.
Ватикан њуз/к.мк