На синодата во Ербил на северот на Ирак за католикос – патријарх на Асирската црква на Истокот на 8 септември е избран мар Ава Ројел.
Според информацијата од фондацијата „Про Ориенте“, мар Ава Ројел го наследува католикос мар Геваргис III, кој се повлече од службата од здравствени причини. Мар Ава Ројел е роден во 1975 година во САД и досега служел како епископ на дијацезата на Асирската Црква на Истокот во Калифорнија. Веќе извршувал водечки служби во таа Црква и односите со другите Цркви, а меѓу останатото е и член на Foruma Syriacum на фондацијата „Про Ориенте.“
Синодот заседаваше во црквата Свети Иван Крстител во Ербил, а изборот за нов поглавар веќе неколку пати беше одложуван заради пандемијата со коронавирусот. Некогаш бројната Асирска Црква на Истокот во своите самостојни Цркви денес бори само околу 400.000 верници, најмногу на Блискиот Исток односно во Иран, Ирак, Сирија и Либанон, но и во Северна Америка, Австралија и Индија. Екуменски е отворена и од 1948 година, член на Екуменскиот совет на Цркви.
Ика/к.мк