Има многу диксуија за тоа тоа што смее, а што не смее да се работи во недела.
Во Црквата не постојат прописи за тоа што може, а што не може да се прави во недела. Треба веднаш да се каже дека самиот Бог сакал неделата да биде ден за одмор и неработа. Тоа е ден за одмор на човекот. Така рече Господ. Така Бог заповеда.
Во Втората книга Мојсеева, Бог му дава на својот народ Десет заповеди, кои го опфаќаат моралниот закон. Меѓу нив е и заповедта: Помни го денот саботен, за да го празнуваш (20, 8). Тогаш била сабота, во Новиот завет, поради Воскресението Христово, Денот Господов е недела. Во Библијата пишува: Шест дена работи, и сврши ги во нив сите работи свои; а седмиот ден е сабота Господова, на твојот Бог; тогаш немој да вршиш никаква работа, ни ти, ни синот твој, ни ќерката твоја, ни слугата твој, ни слугинката твоја, ни волот твој, ни ослето твое, ниту придојдениот, кој се наоѓа кај тебе. оти за шест дена ги создаде Господ небото и замјата, морето и сѐ што е во нив; а во седмиот ден си отпочина: заради тоа Господ го благослови седмиот ден и го освети (2 Мојсеева 20,9-11).
Мајката Црква, во Катехизмот на Католичката црква, исто така, ги упатува верниците да се одмораат во недела, вклучувајќи ја и заповедта за одмор, како прва од нејзините пет заповеди. „Првата заповед (Присуствувај на света Литругија на Деното Господов и во другите празници!) од верниците се бара да учествуваат во евхаристиската прослава на која се собира христијанската заедница на денот кога се потсетуваме на Воскресението Господово“ (ККК 2042). Со други зборови: одете на света Литургија, а потоа уживајте во денот. Можеби не ни треба ни тој неделен одмор. Можеби е непрактично за нас, поради некоја причина, како што слушаме, но ние тоа мора да го почитуваме како верници, бидејќи тоа е она што нашиот Создател го рече и заповеда и Тој знае зошто. Мораме да Му веруваме. Впрочем, Самиот Бог се одмори на седмиот ден, и ако има некој на кого не му треба одмор, тоа е Тој.
Но, без разлика колку и да мислиме дека не ни треба одмор, одморот и слободното време се многу важни за нас. Научен факт е дека човечкиот мозок и тело можат да преземат само толку активности додека не се уморат. Голем број луѓе се преморени и под стрес, а повеќето од нас работат на граница на издржливост. Подобро кажано, за некои луѓе работата е најважната работа на светот. Стресот го оптоварува телото, а одморот е апсолутно неопходен за човечката продуктивност. Свети Тома Аквински во една прилика рекол: „Без работа, невозможно е да се забавуваш.“ Ова лесно може да се сврти: „Без забава (одмор), невозможно е да се работи ефикасно“.
Потребен ви е ден за одмор за да закрепнете пред новата работна седмица. Но, важно е да се сретнете и со членовите на потесното и поширокото семејство. Неделните оброци со семејството по светата Литургија порано беа врв на секоја католичка недела. И понатаму така треба да биде. Современиот свет, управуван од технологијата, нѐ направи да бидеме поизолирани од кога било досега. Треба да се спомене дека недостатокот на средби лице в лице ги остава семејствата распарчани и многу луѓе се болно осамени.
Неделите, доколку се почитуваат правилно, нудат единствена можност да поминете време со оние што ги сакате, може да е семејството или пријателите. Недела е ден да се посветиме повеќе на Бога. На лична молитва. Тоа мора да е нашата потреба. Овој ритам на живот, особено седмичниот, нѐ направи едноставно да немаме време да се молиме, читаме или медитираме онака како што сакаме.
Затоа неделите се толку важни – ни нудат можност уште повеќе да се соединиме со нашиот Господ, буквално во Светата Евхаристија, а особено преку мирни моменти на молитва и медитација за таинствата на верата. Одиме на света Литургија, доаѓаме дома, избегнувајќи ги маркетите и продавницата (сѐ што ни е потребно ќе си набавиме во сабота, без разлика што работат во недала маркетите, бидејќи вистинските верници не одат во продавница во недела „под никакви околности“, дури и ако заборавиле да купат нешто во сабота. Ако заборавиле да купат нешто во сабота ќе позајмат од соседите или роднините и во понедлник ќе го вратат и да се посвети на сопствената духовност (читање, молитва, итн.).
Нашите постари немале толку многу технички помагала и сепак сѐ постигнувале. Имале скала за вреднување. И не им паѓало на памет да одат во продавница или да работата нешто на празници и во недела. Не ни помислувале да бидат непослушни на Бог. Затоа тие секогаш имаа Божји благослов и заштита. И што е уште поважно, тие имаа слободно време и во недела седеле пред куќата и се дружеле со најблиските и никогаш не им недостасуваше време како што тоа е случај со денешниот човек.
И што е најважно, не дозволиле човек да се отуѓи од човек, како што тоа се случува денес. Тоа е ден кога можеме да бидеме креативни (пишуваме или слично). Значи, по светата Литургија го правиме она што инаку не постигаме да го направиме, а посебно важно е да имаме време за да бидеме со семејството. Бог ни заповеда да се одмориме, но не во продавницата, не загрозувајќи ги другите да работаат за нас. Нашиот Бог е Отец полн со љубов кој знае и го посакува она што е најдобро за нас. „Земете го Мојот јарем на себе и поучете се од Мене, бидејќи сум кроток и смирен по срце, и ќе најдете мир за душите ваши; зашто јаремот Мој е благ и бремето Мое е лесно” (Матеј 11, 28-30).
Од сето кажано можеме да заклучиме дека недела е ден за Бог, одмор и семејството. Затоа, ако сакаме да бидеме вистински верници и да имаме Божји благослов и заштита, да не ‘наседнуваме’ и да се препуштиме на неверниците, за да го одредуваат и „кројат“ нашиот живот. Да мислиме на нашето спасение и да го слушаме Бога и да правиме како што вели Библијата. Да се вратиме кај Бог.
о. Крунослав Пачалат