За 100 дена од Јубилејот 3 милиони поклоненици во Рим

Речиси 3 милиони поклоненици во Рим од почетокот на Светата година. Ова е статистика на првите 100 дена од Јубилејот на милосрдието која ја објави на 14 март монс. Рино Физикела, претседател на Папскиот совет за промовирање на новата евангелизација.

Во зоната Свети Петар од почетокот на Јубилејот дошле 2 802 000 луѓе, а милион и пол учествувале на големите јубилејни настани. За Страстната седмица се очекува околу 150 илјади поклоненици и поради тоа организацискиот одбор препорачува големите групи да се регистрираат пред доаѓањето во Рим.

Навистина е прекрасно да се види колку луѓе се движат во молитва по должината на Via della Conciliazione со јубилејниот крст, имајќи трпение со контролата. Темата милосрдие, која папа Фрањо ја сакаше, се поклопува со потребите на Божјиот народ – рече монс. Рино Физикела.

Римскиот префект, Франко Габриели, напомена дека е завршен првиот дел од патот, но е останато уште 250 дена од Светата година, истакнувајќи дека треба да продолжиме да бидеме внимателни на организациските аспекти. Со оглед на опасноста од терористички напади, рече дека неодамнешната полициска и карабинерска операција покажува дека безбедносните сила многу посветено ја извршува својата обврска остварувајќи значајни резултати. Закана постои – рече – но постои и безбедносни сила која ја извршува својата работа.

Во зоната Свети Петар активни се вкупно 3579 единици на јавниот ред, како и околу 800 доброволци од сите возрасти кои се на располагање за помош на поклонениците – додаде префектот. Монс. Физикела истакна дека во првите денови, терористичките закани повеќе влијаеа на бројот на поколоненици, но бројот на луѓето кои доаѓаат постојано се зголемува.

Тој истакна дека во 2089 бискупии низ целиот свет се отоврени околу 10.000 свети врати. Во овој „распрснат Јубилеј“ – рече надбискупот – се потврдува христијанското срце. „Овде е гробот на свети Петар каде што доаѓаме да ја исповедиме верата за да може посилно да живееме кога ќе се вратиме во сопствената заедница, во сопствената држава.

РВ/Б.Р.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот