За празникот на свети Валентин Исус те прашува: Дали ме љубиш?
Сите се стремиме за човечка љубов, но првенствено треба да ја бараме Божјата љубов. Момче/девојко… не се обесхрабрувај ако си „осамен/а“. Сфати дека тоа е благословено време кога Бог може да работи на тебе и кога Му дозволуваш Он да работи со тебе. Не живеј во илузија дека ќе ти биде подобро ако најдеш некој… дека ќе се реши твојот проблем и дека ќе бидеш среќен.
Барај ја прво Божјата Љубов, Исус – а тогаш и во човечката љубов ќе знаеш вистински да љубиш. Изградувај свој интимен однос со Бог, за после тоа да може да се надоградува заедно со друга личност, помагајќи заедно да дојдете во рајот. Запамти најпрво Бог, а после сѐ останато.
Марина/м-р. Д.И.