Често се појауваат верници кои прашуваат кои молитви треба да се молат, какви жртви да се направат за да ги услиша Бог нашите дарови. Подготвени се да ги почитуваат сите молитвени прописи, секоја недела да се оди на света Литургија, да се клекнува на колена, да се причестува, да не изостават ниту еден збор, да се исполни заветувањето до крај, само да најдат милост во Божјите очи. Сакаат да се вежбаат во аксезите, во постот и откажувањето, со цел да се оспособат да бидат подобри и така да го пронајдат Бог.
Бог секогаш е присутен
Дали молитвата на таквите верници е добро поставена? Дали човекот во молитватa е активен, а Бог пасивен? Дали Бог ги услишува молитвите според учинокот и според надворешно извршениот пропишан чин? Дали Божјото услишување зависи од човечките (не) активности?
Молитвата на верниците не служи за да се разбуди Бог кој спие, туку срцето на верникот да се оспособи за да ја забележи и препознае Божјата присустност. Човекот не го моли Бог за да го постети на неговите обврски, туку во молитвата се отвора на безбројните Божји дарови. Бог постојано е присутен и зборува на разни начини, но човекот не забележува, затоа што е во разни облици на сон. Затоа Исус ги буди своите ученици и ги повикува како мудрите девојки да бдеат и да молат.
Да му се дозволи на Бог да ни зборува
Дали тоа значи дека човечките молитвени чинови, одење на света Литургија, заветувања, пост и разновидини молитвени дела се вишок и треба да се отфрлат? Сè што прави верникот, дали моли со многу или малку зборови, (…) не се работи за тоа да се “принуди“ Бог како би се смилувал за да ја услиши молитвата,туку човекот да се “вежба“ да се обраќа на Бог и да се надева на него. Сите молитвени облици, одредени молитвени образци, деветници, молитви до светци и аксетските дела, како што се постот и жртвата, треба да бидат од помош човекот да не биде пречка за Божјото делување. Човечкиот труд во молитвата и развивање на способноста служат да може човек повеќе да се препушти на Бог и да го отвори срцето за Бог. Да му се дозволи на Бог да ни зборува и да го менува човечкото срце станува поважно од било каква техника. Слушањето е многу поважно од зборувањето, примањето од давањето, внатрешноста од надворешноста, Марија од Марта.
Човечката задача не е во тоа да се грижи како да дојде до Бог, туку целиот негов труд треба да оди кон тоа срцето да биде расположливо за средба со Бог. А Бог секогаш доаѓа и тоа на начини кои човекот најчесто не ги очекува. За тоа Исус ги почува своите ученици: И вие, значи, бидете готови: зашто, во кој час не мислите, ќе дојде Синот Човечки!”( Лука 12,40)
Фра Маринко Шакота/к.мк