Затворени Светите врати во сите катедрали во светот

Затворени Светите врати во сите катедрали во светот

Додека е при крај Јубилејот на милосрдието кој ќе означи затварање на Светите врати во базиликата Свети Петар во недела на 20 ноември 2016 година на 13 ноември е затворена Светата врата во сите катедрални цркви во светот.

Меѓу нив и Светата врата во Банги во Централно Африканската Република која беше прва отворена, а ја отвори папата Фрањо во ноември минатата година. На 13 ноември е затворена и Светата врата на римските базилики Свети Иван Латерански, Света Марија Велика и Свети Павле надвор од ѕидините.

И покрај службеното затворање на Светата врата во катедралата во Банги – како што истакна локалниот надбискуп и претседател на тамошната бискупска конференција монс. Дјодони Нзапаланга – ќе остане отворена за да потсетува дека секој ден е време за милосрдие. Плодот на оваа Света година да биде свршеток на војната и правдата за сите жртви на конфликтите, а посебно за бегалците – посака надбискупот кој што во сабота на 19 ноември 2016 година имамот во Банги и евангелскиот водач ќе го придружуваат во Ватикан каде што од папата Фрањо ќе биде вбројан во кардиналскиот колегиум.

Свети Иван Латерански во Рим. Кардинал Валини: Милосрдието не е слабост

Затворени се и Светата врата на базиликата Свети Иван Латерански во Рим, славењето кое го предводеше Папскиот викар за градот Рим кардинал Агостино Валини. Конечната судбина на светот не е во рацете на луѓето, туку во Божјото милосрдие – тоа е според зборовите на кардиналот поуката за Јубилејот на милосрдието тоа „посебно време“ за Црквата кое нашето верничко сведоштво го направи силно и делотворно.

Милосрдието не е знак на слабост; напротив милосрдието е сила, великодушно и силно ширење на нежната семоќност на Отецот – додаде кардиналот. Потоа потсети на повикот на Папата сите свесно да ги живеат параболите за Божјото милосрдие: за загубената овца, за загубената драхма и за милосрдниот татко. Кардинал Валини посебно се осврна на оваа последната и рече дека така Господ постапува со нас: не нѐ укорува, туку нѐ прифаќа и се радува за нашето враќање кај Него.

Уште една карактеристика на милосрдието која е плод на Светата година е грижата за сиромашните. Единствено вистинско остварување на животот е во дарувањето на љубов и во живеењето на нашите човечки односи во праведност – истакна Папскиот викар за градот Рим.

Света Марија Велика во Рим. Кардинал Абрил и Кастело: Нашата водителка кон светоста е Марија

За љубовта и братството пак говореше кардинал Сантос Абрил и Кастело кој го предводеше славењето во Света Марија Велика во Рим. Света врата го прикажува Исуса кој се претстави со таков назив. Јас сум вратата за овците, истакна кардиналот и додека сега кога одиме кон завршетокот на Светата година на милосрдието Исус нас нѐ прашува за нашата љубов кон Бог и кон браќата – рече кардинал Абрил и Кастело.

На тој пат кон светоста е потребен водач – рече кардиналот – односно потребна ни е мајчинската рака на Марија, таа која го покажува патот до Христос. На крајот потсети на зборовите на папата Фрањо кои ги кажа на 1 јануари кога ја отвори Светата врата во базиликата Света Марија Велика: „Секој кој ќе го помине овој праг – рече Папата – може од таа базилика да се упати сигурен дека во сѐ ќе ја има Марија за придружба.“

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот