Зарем мене ме повикуваш Господи?
Од Евангелието според Марко (1, 16-20)
И одејќи покрај Галилејското Море, го виде Симона и брат му Андреја како фрлаат мрежа во морето, зашто беа рибари. Исус им рече: „Врвете по Мене и Јас ќе ве направам ловци на луѓе!“ И тие веднаш ги оставија мрежите и тргнаа по Него. Па, штом одмина малку, го виде Јакова Заведеев и брата му Иван, истотака во кораб, како ги крпат мрежите свои; веднаш ги повика и нив. И тие, оставајќи го татка си Заведеја во коработ со наемниците, тргнаа по Него.
„Боже знаеш ти дека јас не сум достоен, јас сум дивјак, погледни како се однесувам, погледни како живеам… а Ти ме повикуваш во Твојата служба…!“
„Знаеш јас со задоволство би тргнал по патот на свештенството, но не сум јас за училиште, па едвај завршив средно училиште… кога барем не би имало струдирање…“
„Исусе како ќе им кажам на родителите? Не, не можам тоа да им го направам, па јас сум им единец тоа ќе ги шокира…“
„Роднините, пријателите… моето семејство тие не се некои верници, како ќе ме сфатат?“
Тоа се само некои прашања кои си ги поставува секој кој во себе го почувствувал Божјиот повик и сака да одговори на него. И верувам дека навистина може да биде проблем во конечниот одговор. Нема ништо полошо од тоа на почетокот на своето преобраќање и воодушевување да им ја соопштиш на родителите, пријателите, на својата околина на сите оние кои те познаваат да им кажеш дека сакаш да бидеш свештеник, монах или монахиња. Уште помачно е ако никој од твоите ближни не е верник или негативно се изјаснува против Црквата, верата или Бог. Тие се големи трауми кои можат да доведат до тоа никогаш да не се одлучиме да појдеме по Него.
Како тогаш да најдеме безболен пат? Ни изгледа како да нема излез. Но, верувај ми излез секогаш постои. Исус говори: „…само не бојте се, зашто Јас го победив светот.“ (Ив 16, 33)
Ако се наоѓаш во таква ситуација да си неодлучен без разлика заради кој услов кој те опкружува и лесно се заплеткува, верувај ми пријателе, тешко дека ќе го оствариш својот план да се посветиш на Бог онака како што слушаш во своето срце. Затоа толку е тврд оној Исусов збор: „Кој милува татко или мајка повеќе од Мене, не е достоен за Мене; и кој милува син или ќерка повеќе од Мене, не е достоен за Мене.“ (Мт 10, 37) За одлука една од најважните работи е: храброста. Да се направи тој прв чекор. Да се препуштам на Оној Кој ме повикал. Пред тој прв човек мора да постои голема доверба во тебе дека Бог ќе ја води твојата одлука, па макар и не онака како што ти си си замислувал. Можеби последицата ќе биде и болна, но мораш да знаеш дека Бог ќе го води твојот живот и ќе го уреди така што сè ќе излезе на добро. И кога ќе собереш храброст и доверба добиваш резултат дека ништо не може да те сврти против твојата одлука: да бидеш со Него.
Обиди се да го читаш и размислуваш за Светото Писмо! Во него ќе ги пронајдеш одговорите кои се однесуваат на тебе. Тие ќе ти дадат сила да продолжиш понатаму и да донесеш исправна одлука.
„И секој што остави куќа, или брат, или сестра, или татко, или мајка, или жена, или деца, или ниви, заради Моето име ќе наследи стопати повеќе и ќе добие живот вечен.“ (Мт 19, 29)
Господи Исусе подај им полнина на својот живот на сите луѓе, посебно на момчињата и девојките кои ги повикуваш во својата служба; просветлувај ги при изборот; поддржи ги во верноста; направи да бидат храбри и подготвени да го даруваат својот живот преку Твојот пример за другите да имаат живот.
Свети Иван Павле II
к.мк