Во четврток 21 февруари 2019 година во Ватикан, папата Фрањо ја отвори средбата со претседателите на епископските конференции на тема: Заштита на малолетниците во Црквата“. На средбата присуствуваат патријарси, кардинали, надбискупи, бискупи, поглавари на монашки заедници и одговорни од целиот свет.
Нашата средба е под товарот на пасторалната и црковната одговорност која нѐ обврзува заедно да дискутираме на синодален, искрен и коренит начин за да се соочиме со тоа зло од кое е погодена Црквата и човештвото – рече Ппаата и напомена: Светиот Божји народ нѐ гледа и очекува од нас, не едноставни и претпоставени осуди, туку да подготвиме конкретни и делотворни мерки. Потребна е конкретност.
Во намерата да помогне во дискусијата Светиот Отец предложи некои важни критериуми, кои како упатства се обликувани од разни епископски конференции и комисии. Тие се предадени на учесниците, но не треба да ја одземат креативноста – рече Папата. Потоа се заблагодари на Папската комисија за заштита на малолетниците, Конгрегацијата за наука на верата и членовите на Организацискиот одбор за работата при подготовката на оваа средба.
Го молам Светиот Дух овие денови да ни помогне тоа зло да се преобрази во можност за освестување и прочистување – рече на крајот папата Фрањо и своето излагање го заврши со молитва до Дева Марија.
Ватикан њуз/к.мк