Започнаа средбите на жени во парохијата Свети Иван Крстител – Струмица

Во среда 16 септември 2015 година со света Литургија во парохиската црква „Свети Иван Крстител“ во Струмица започнаа средбите на жени од парохијата. Тие ќе се одржуваат секоја среда на кои најпрво ќе се моли Света Бројаница за одредена накана, а потоа преку работилница и дружење ќе изработуваат креативни религиозни предмети.

Светата Бројаница во средите од месец октомври жените ќе ја посветат на мисиите. За таа цел веќе започнаа и со изработка на креативни религиозни предмети, кои ќе бидат наменети за продажба, а собраните средства ќе бидат донирани за мисиите.

к.мк/го*ко

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот