Заедничко агапе во Радово

Заедничко агапе во Радово

На празникот Пресвета Троица, понеделник 13 јуни 2022 година, во парохијата „Свети Пророк Илија“ во Радово, традиционално како и годините претходно, се подготви и се подели на верниците благословено заедничко агапе. Агапето го подготвуваат црковните одборници заедно со верниците кои доаѓаат да помогнат во таа обилна работа (за здравје) при спремањето јадење за цела парохија.

Во Радово, покрај заедничкото агапе за празникот Пресвета Троица, има и за патрониот празник свети пророк Илија, на Голема Богородица и во октомври на светувањето на созаштитничката на радовската парохија – Марија од Назарет.

Филип Стојанов/к.мк

 

Категорија: Вести, Македонија

За авторот