Од 12 до 17 октомври во Колеваленца, Италија се одржа 7. Светска конференција на Радио Марија на тема: „Радост за евангелизација“. На конференцијата учество зеде и директорот на Радио Марија Македонија о. Гоце Костов, кој оствари средби со претставници од Светското семејство на Радио Марија, како и со претставници на Радио Марија од други држави.
На средбата беа разгледани новите технолигии и средства за евангелизација, медиумите и младите, а стана збор и за работата на Светското семејство на Радио Марија во наредните три години. Исто така оваа средба беше можност за размена на искуства, меѓусебно запознавање и заедничка молитва.
Конференцијата заврши со Генералната аудиенција во среда со папата Фрањо на плоштадот Свети Петар во Ватикан.
к.мк