Заврши деветиот состанок на Кардиналскиот совет

Кардиналскиот совет во среда 15 април го заврши своето девето советување. Во попладневните часови на средбата учествуваше и Папата, изјави портпаролот на Ватикан, отец Федерико Ломбарди на прес конференцијата за новинарите.

Теми на средбата биле ватиканските медиуми, временската рамка за одвивање на реформите,  како и шест предлози кои се од Кардиналскиот конзисториум, а се разговарало и за потребата од формирање на две нови дикастерии. Најголем дел од разговорите кардиналите го посветиле  на временската рамка за реформите на Куријата за наредната година.

На овие средби станало збор и за реформи во ватиканските медиуми.

РВ/го*ко

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот