Со света Литургија во четврток 14 септември 2017 година во капелата на бискупската резиденција во Скопје завршија овогодинешните Духовни вежби за свештениците од Апостолскиот егзархат во Македонија и Скопска бискупија.
На крајот од духовните вежби Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов се заблагодари на водителот дон Јаков Кајиниќ за неговото радосно и трпеливо навестување на Словото Божјо на овие духовни вежби. Во таа пригода бискупот Стојанов на дон Кајиниќ му ја подари монографијата „Денови на света Мајка Тереза“.
Духовните вежби за свештениците од Апостолскиот егзархат во Македонија и Скопска бискупија се одржаа од 11 – 14 септември 2017 година во бискупската резиденција во Скопје.
к.мк