Завршија духовните вежби за Папата и членовите на Куријата

Завршија духовните вежби за Папата и членовите на Куријата

На 10 март 2017 година по завршувањето на духовните вежби, кои папата Фрањо и неговите соработници од Римската курија изминатите денови ги извршија во Арича, Светиот Отец во името на сите се заблагодари на водачот на вежбите, фра Џулио Микелини и после тоа и по ручекот заедно со придружбата во попладневните часови се врати во Ватикан.

„Сакам да ти се заблагодарам за доброто кое сакаше да ни го искажеш и за доброто кое ни го искажа. Пред сѐ заради тоа што се покажа онаков каков што си: природен, без поза – природен; без ништо вештачко. Со целиот багаж на својот живот: студиите, публикациите, пријателите, родителите, фрањевскиот подмладок за кој се грижиш… Ти благодарам за сето тоа и што беше „нормален“ – рече папата Фрањо и продолжи…

„Потоа, второ: сакам да ти се заблагодарам за работата која ја заврши, за тоа како си се подготвил, што значи одговорноста; работите да се сфатат сериозно. Ти благодарам за сѐ што ни даде. Навистина постои рид за кој може да се размислува, но свети Игнациј вели дека кога во духовните вежби некој наиде на некоја работа во која наоѓа утеха или пак сувост, таму да застане и да оди понатаму. Сигурно дека секој од нас наишол на една или две помеѓу толку работи. Она што преостанало не е загубено, туку останува и послужува за некој друг пат“ – објасни Папата.

„Можеби важните или силните работи, некому не му „зборуваат“ ништо, а еден краток збор, некоја мала работа кажува повеќе. Како таа анегдотата за големиот шпански проповедник, кој после внимателно подготвените проповеди се приближил на некој човек – голем и јавен грешник – кој бил целиот во солзи и побарал исповед.

Откако ги исповедал гревовите, исповедникот изненаден – затоа што го познавал неговиот живот – го прашува: „Туку кажи ми: во кој момент почувствувате дека Бог ви го допре срцето; на кој збор?“ – „Тогаш кога кажавте: да поминеме на другиот аргумент…“ – рече Папата насмевнувајќи се заедно со сите кои тоа го слушале и додаде:

„Понекогаш ни помагаат наједноставните зборови, или пак оние најкомплицираните. Господ на секој му го дава „вистинскиот“ збор. Ти благодарам за тоа и сакам да продолжиш да работиш за доброто на Црквата, во Црквата, во егзегезата, во толку работи кои Црквата ти ги доверува. Пред сѐ, ти посакувам да бидеш добар фратар“ – ја заврши својата благодарност папата Фрањо.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот