Женски гениј – срце кое гледа

Во формирањето и едукацијата на срцето – жените се учители на светот. „Срце кое гледа“ е еден од начините за дефинирање на „женскиот гениј“ – рече надбискупот Бернардито Ауца, постојан набљудувач на Светиот Престол при Обединетите Нации, на конференцијата за жените

Свети Иван Павле II зборуваше за посебниот сјај на жените во грижата и неотуѓивото достоинство на секој човек како за „женски гениј“. Денес сме овде – рече монсињор Ауца на конференцијата – за да размислиме за овој гениј, да го славиме, да му заблагодариме на Бога за овој гениј како и да се заблагодариме и да ги пофалиме жените – особено нашите мајки и сите жени кои се грижеле за нас, нѐ изразнале, нѐ образувале, нѐ сакале и… нѐ дисциплинирале!

Човечкото достоинство се однесува на неотуѓивата вредност на секој човек, независно од неговите карактеристики. Секој човек има такво достоинство, а единствен точен одговор на него е љубовта. Меѓутоа, на многумина им е јасно дека жените во тоа се понапред од мажите – рече монсињор Ауца.

Зборувајќи им за проширувањето на влијанието на женскиот гениј, за доброто на поединци и на општеството, постојаниот набљудувач на Светиот Престол рече дека „подлабокото разбирање и поголемата почит кон овој гениј е клучот на борбата против насилството над жените“. Во овој контекст, монс. Ауца истакна дека основната цел на власта е праведен општествен поредок во кој се гарантира и се почитува секоја личност. Меѓутоа, на луѓето им е потребно нешто повеќе од бирократите кои ги исполнуваат своите должности – им треба љубов исполнета со лична грижа.

Потребно е „формирање на срцето“, односно „срце кое гледа“ каде што има потреба за љубов и делува соодветно со тоа; срце кое го препознава лицето и не постапува со него само како со некој клиент, пациент или некој составен дел, туку како со некој носител на достоинство. Во оваа формирање на срцето, жените се „учители на светот“, а „срцето кое гледа“ е еден начин за дефинирање на женскиот гениј – истакна надбискупот.

Иако историјата е испишана со победите на царевите и војниците, целата цивилизација, а и Црквата, имаат неисплатлив долг за благодарност кон често незабележаниот и непознат придонес на жените, „кои ја формирале цивилизацијата со тивок, но постојан проток на длабоките води кои ја формираат реката“.

Вистинскиот човечки напредок – напредок во односот еден спрема друг – често пати не е привлечна медиумска тема, но има „можеби и поголеми последици од научните и технолошките изуми – рече надбискупот, наведувајќи на крајот некои од истакнатите жени во драмата „љубови и грижи за човештвото“: Луис де Марилак, Франсис Ксавиер Кабрини, Елизабет Ане Сетон, Дороти Деј како и Мајка Тереза.

РВ/З.А.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Свет

За авторот