Љубовта помеѓу мажите и жените се темели на нивната различност, токму поради тоа и се одлучуваат на заеднички живот за да се надополнуваат.
Мажот се грижи за работите, а жената за личностите. Нему не му е важен политичарот, туку политиката; не војникот, туку војната; не економистот, туку економијата; не поетот, туку песната. Жената сѐ спознава како живо, интуитивно. Мажот како мртво, рационалнo. Мажот го спознава човекот како објект, надворешно. Жената го спознава човекот како субјект, како внатрешна личност. Жената гледа длабоко, а мажот далеку. Мажот ја спознава реалноста како објективна, ладна. А жената како субјективна, нежна, жива и топла. Затоа жената е склона кон субјективноста, не ги спознава работите такви какви што се, туку како што таа ги доживува. Жената љуби колку што може, а мажот колку што сака.
Доблеста на мажите е во делувањето, а на жените во борбата. Мажот е во она што го работи, а жената во она што е. Нејзината најдобра страна не е во делувањето, туку во зрачењето. Ефектот кај жените не е толку бучен како и кај мажите, туку тивок и траен како атмосферата. На надгробната плоча на републиканскиот Рим, под која што почива една од матроните кои биле мајки на најхрабриот од сите народи пишува: „Седеше дома и волна предеше“. Ништо повеќе. Мажот повеќе е наклонет кон необични работи, сонува за промени и авантури. Женската душа е секојдневна. Кога таа би можела од сегашноста би направила минато, од сѐ би направила обичај. Етнографите кажуваат дека жената ја измислила работата. Работата е редовна активност наспроти претприемништво. Жената го создавала занимањата, била прв војник, собирач и грнчар. Додека пак кај мажите напредување се покажало во тоа што неговите остварувања се насочени кон полето на науките, уметностите… така што стануваат се подобри и подобри. Напредувањето на жената се состои во тоа што таа самата себе си се усовршува, бара повеќе од мажите, поттикнувајќи го на поголемо совршенство. Да се сетиме на тоа, мажот што не би направил за да ѝ се допадне на жената. Подготвен е да стане уреден и префинет. Сите достигнувања на мажот успеале да се остварат кога гледал во бесконечната душа на жената, преку тој кристален медиум во кој се огледуваат големи и конкретни идеали.
Затоа жената е способна да го покрене мажот да бара совршенство и вечност. Нејзината вечна женственост трајно го воздигнува. Станува збор за оној копнеж за совршенство кое започнува да живее во срцето на мажот во часот кога во безтежинскиот од покрај него поминува Ева. Ако на делата кои ги создале поетите, уметниците, законодавците им пренсеме светло, ќе видиме во нив отисок со контура на некоја дама во минување. Мажот сѐ што создава – го става пред жената, со нетрпеливост очекувајќи го нејзиниот суд за сѐ. Затоа се вели дека мажите управуваат со светот, но жените со нивните срца. Жената со своите барања пред идеалниот маж – го поттикнува на инвентивност, исчекор од баналноста. Го подига на ново духовно – морално ниво. Таа трага за подобри можности за да се биде. Затоа жената е најдобар педагог, во историјата постигнува повеќе од било кој политичар. Не се задоволува со просечен маж, туку од него очекува несекојдневни квалитети. Тоа е она што Данте го доживеал: три – четири гестови од Фиорентина Беатрис, една нејзина насмевка, со љубезен поздрав – за него било почеток на нови времиња. Цилиот негов понатамошен пат бил обележан со насмевката на таа жена donne della salute.
На жената ѝ е потребно да се грижи за мажот, а мажот е потребен да се посвети на жената. Жената се обидува да располага со мажот, го врзува за себе за да има некој за себе, да живее за него, и така да ја исполни својата природна потреба да биде гнездо од кое може да „полетат“ луѓе, или да биде земја која ги држи корените на стеблото: срце кое внатрешно целосно го разбира мажот. Жената може да го стабилизира мажот, но и да го потресе. Таа го „гледа“ внатрешно и затоа покрај неа се чувствува несигурен, разоткриен, изнесен на виделина, во немоќ да се сокрие и заштити. Му треба жената, но ѝ се плаши. Затоа се обидува или да завладее со неа на било кој начин, или ѝ се подложува „папучарски“. Излезот од оваа одвојување е љубовта. Секој маж расте и созрева под погледот на жената и секоја жена цвета до својот целосен идентитет под погледот на мажот. Во овој дијалектичен однос се развиваат даровите на нежност и грижа без кои човековиот живот закржлавува или со нив се збогатува. Патиштата на оваа интеграција се бурни и драматични како било која друга човечка авантура. Еден на друг се помош на патот кој води кон Бога. Во меѓусебната љубов на мажите и жените – Бог им се открива како љубов. Преку мажите на жените како јакост, а преку жените на мажите како нежност. Затоа се вели дека Бог ни се дарува во другата половина од нас самите. Но сепак, мора да се признае – кога Бог сака да направи големи работи тој избира маж, а кога сака невозможни избира жена.
п. Лука Раџа/Млади католици/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк