Етиопија: Искачување по стрмна карпа босоног и без јаже до духовнта оаза вдлабната во карпата
Црквата Абуна Јемата Гух во Етиопија во 6 век во карпа ја издлабал свети Абун Јамата. Со векови свештениците кои се грижеле за црквата во неа биле и погребувани, но никој од нив никогаш не умрел со природна смрт, се лизнувале или имале несреќа во текот на искачувањето.
Во планината Гералт во северна Етиопија отец Хајлесиласи Кахсај секојдневно оди по два часа, а потоа се искачува по карпата до Абуна Јемата Гух, црквата издлабана во карпата украсена со шарени фрески и две куполи.
Вообичаено е до црквата да се искачува бос и без јаже, а локалната христијанска традиција тврди дека „девет светци ги штитат оние кои се искачуваат по тие карпи.“
Црквата Абуна Јемата Гух во 6 век на страната на карпата ја издлабил самиот свети Абун Јемата еден од десетте светци кога простигнал од Сирија. Истроричарите пак тврдат дека некои од деветте светци можно е да доаѓаат од Цариград или од Рим.
Секојдневниот живот на отец Кахсај во потполност се сведува на работа и молитва. Станува во зори, работи, а потоа штом јаде го започнува своето двочасовно одење до црквата. „Тогаш настапува искачувањето кое вклучува 10 метри потполно вертикални делови. Не се плашам да се искачувам затоа што тоа го правам секој ден. Многу е тешко, но успевам. Објаснува отец Кахсај во документарниот филм за BBC.
Кога ќе дојде во црквата времето го поминува во молитва и студирање. Поголемиот дел од времето го посветува на проучување на стари книги. „Среќен сум што читам книги цел ден затоа што овде е многу тивко, бидејќи навистина нема со кој да се разговара. Така комуницирате со Бог и ги делите своите тајни со Него, а потоа и вашиот ум станува слободен и среќен.“ објаснува свештеникот
Со векови свештениците кои се грижеле за оваа црква овде биле и погребувани. „Но никој од нив никогаш не умрел од природна смрт, се лизнувал или имал несреќа во текот на искачувањето. Девет светци кои живеат во овие планини ги чувале., порачува отец Кахсај на крајот кој како што вели станал свештеник за да им покаже на другите она што го научил и за и тие да одат по неговите стапки.
Можеме да заклучиме од тоа што го кажува свештеникот од Етиопија дека треба време да поминеме во комуникација со Бог и тогаш ќе имаме среќен и радосен живот.
Ика/к.мк