Ерусалимско латинскиот патријарх Твал се повлече од службата

На празникот свети Иван Крстител 24 јуни оваа година Папата согласно канон 401 член 1 од Законикот за канонското право го прифати повлекувањето на Ерусалимскиот латински патријарх Фуад Твал кој ја навршува канонски пропишаната возраст.

На негово место како апостолски администратор Папата го именува Пјербатист Пицабал воздигнувајќи го на достоинство на надбискуп со седиште во Вербе.

Во своето пасторало писмо до епископите, патријаршиски викари, свештениците, ѓаконите, монасите, чесните сестри; потоа до семинаристите до сите верци во Господ на подрачјето на Јордан, Палестина, Израел и Кипар патријархот Твал изрази надеж дека иако борбата која заедно си сите нив ја водел против омразата и смртта на тие подрачја сè уште трае – дека еден ден ќе допре до светлината на воскресението и ќе го искуси времето на достоинство, праведност и мир – пишува латинскиот патријарх.

Нашата црква овие години растеше низ бројни тешкотии. Господ нè подржуваше со својата милост за да можеме да продолжиме со своето послание. Заедно се молевме, заедно издржавме во тешкотиите. Изразувајќи благодарност до Господ за сите примени благодати, патријархот се заблагодари на сите кои во текот на минатите години го прифатиле како пастир, брат и слуга.

Меѓу останатото Патријархот се заблагодари на Господ кој им ја даде „радоста за канонизација на двајца светци“ од бискупијата, кармелиќанката Марија од Распнатиот Исус и основачот на редот на сестрите на светата Бројаница Марија Алфонсина Гатас што Патријархот го смета за врв на својата служба; „двајца светци кои со своето застаништво и примерот на нивните особини ќе ни помогнат на нашето патување кон Царството – стои во писмото на патријархот Твал.

Понатаму тој напоменува дека заради навршената канонска возраст го кажува своето „збогум“ но неговите молитви секогаш ќе ги следат сѐ додека ја поднесува – како што евангелски се изразува – тежината и топлината на денот и додава дека не наоѓа за своите сакани во бискупијата подобри зборови од оние кои Господ ги искажал во својата заповед на љубовта во пресрет на својата Мака: Љубете се еден со друг како што Јас ве возљубив, а по повод Годината на милосрдието го препоручува блаженството: Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани.

На крајот посака срдечно добредојде на Апостолскиот администратор Пјербатист Пицабал до неодамна кустос во Светата Земја истакнувајќи дека меѓу останатото неговото послание е сега да го подготви именувањето на новиот Патријарх. Отец Пицабал ги познава тешките услови и потреби на нашата земја и ги повика верниците во овие тешки времиња сите да останат обединети во надежта за идни благодати – стои во пасторалното писмо.

„Заминувам, но и понатаму сум ви блиску во молитвата. Ве доверувам на љубовта на Дева Марија која е во придружба на нејзиниот Син и апостолите. Таа секогаш ја придружувала Црквата, а ја придружува и денес во оваа земја и во сите наши парохии. Ве доверувам на љубовта на нашиот Господ и Спасител Исус Христос кој ќе ве подржува со својата милост. Бидете мирни: живејте во мирот Христов и молете се за мене“ – пишува патријархот Твал завршувајќи го своето писмо со благослов.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Свет

За авторот