Ерусалимско латинскиот патријарх Пицабала: Израелско-палестинското прашање се решава со разговор
Насилството во Израел иако моментално со помал интензитет и понатаму продолжува, но многу е тешко да се предвиди како ќе се развива ситуацијата – рече за Радио Ватикан ерусалимско латинскиот патријарх Пјербатиста Пицабала и истакна: Не гледам едноставни решенија.
Насилството во Израел иако моментално со помал интензитет и понатаму продолжува, но многу е тешко да се предвиди како ќе се развива ситуацијата – рече за Радио Ватикан ерусалимско латинскиот патријарх Пјербатиста Пицабала и истакна. Не гледам едноставни решенија. Ситуацијата сега е помирна, но сигурно не е решена. Евреите можеби воделе политика на презир кон Арапите, а Арапите се чувствувале фрустрирани и дискриминирани што сега експлодира.
Причините секогаш се исти – рече патријархот Пицабала и истакна: Причината е израелско-палестинското прашање иако до неодамна не беше секојдневен меѓународен проблем кој требаше да се решава и за него не се разговараше. Тоа прашање никогаш не е решено, како што никогаш не е решено прашањето за иднината на градот Ерусалим. Тие се прашања кои не се решаваат со сила, ниту со наметнување на волјата на едната страна, туку само со општа согласност. Раната беше покриена, но никогаш не зарасна, излезе надвор. Причините секогаш се исти и никогаш не се сериозно решени.
Воените решенија долгорочно не донесоа решение – рече патријархот и додаде: Мислам дека ниту овие конфликти нема да донесат решение, туку нови урнатини, фрустрација и особено огорченост кај сите луѓе. Потребно е да се најдат други начини. Мора да разговараме едни со други. Проблемот е што не разговараме. Единствено што можеме е да се молиме и сите луѓе кои ги познаваме да ги повикаме да се придружат на молитва. За празникот Духовден кој ќе биде за неколку дена, подготвуваме посебно молитвено бдение за мир. Поврзани сме со сите наши парохии посебно со оние во Газа за која слушаме секој ден. Организирање на тој молитвен ланец е единственото што можеме да го направиме освен секако повотрно да го осудиме насилството и да повикаме на дијалог – напомена на крајот ерусалимско латинскиот патријарх Пиербатиста Пицабала.
Ватикан њуз/к.мк