Еросот и Евангелието (5 дел)

Со овие редови се заокружуват размислувањата за новите сфаќања на корелација Ерос и Евангеле и конечно ја осветлуват Божјата улога во однос на човечкиот ерос.

Во досегашните написи, по пат на филозовската феноменологија, откриено е предноста на љубовта која, и покрај потешкотиите, води до полното остварување на еротската димензија на љубовта. На необичен начин откриено е еротското значење на крепоста чистота и заклетвата се наметна како неизоставен составен дел за остварување на еросот. Од друга страна како предуслов за можностите на заклетвата откриена е перспективата на вечноста. Осврнувајќи се на клучните чекори за овистинување на еротскиот феномен, се примети дека човечката природа сама во себе нема сила да го изнесе еротскиот љубовен процес до среќен завршеток, и затоа нужно треба да се прифатат парадоксалните објаснувања дека еротскиот феномен воопшто опстои. Тие парадоксални чекори всушност се совпаѓат со логиката на Евангелието на Исус Христос. Во последниот дел со овие размислувања конечно се расплетува целата „приказна“ и се открива вистината дека без Божијот ерос – вистински ерос всушност ни непостои.

Љубов која доаѓа од Бога

Самиот почеток за истражување на љубовта е врзан со прифаќањето на Евангелската логика. Да се сака да се избегне прашањато за љубовта останувајќи само во битието, соодветсвува како обид за спасување на сопствениот живот со сопствени сили, што всушност води кон губење на животот. И тоа е во склад со Исуовата опомена: „Кој сака да го спаси животот свој, ќе го загуби; а кој ќе го загуби својот живот заради Мене, ќе го најде“ (Матеј 16,25). На истиот начин обидот за самовтемелување покажа дека води кон мразење од неможност и дека нема перспектива, што исто така е на трага на Исусовата опомена: „Без Мене не можете да направите ништо“ (Иван 15,5). Но, иднината има љубов и покрај омразата, што совршено одговара на Исусовиот повик: „Љубете ги непријателите свои“ (Матеј 5,43-46); потоа еротската редукција продолжува единствено во истрајноста и покрај слабостите, чувствувајќи дека токму во човечката слабост се очитува Бојата сила, што одговара на Евангелската логика по која се води свети Павле: „Зашто кога сум слаб, тогаш сум силен (2 Коринтјаните 12,9-10). Потоа по патот љубовта треба да верува во сè, на сè да се надева, сè да поднесува, што всушност е опис и објава на љубовната логика на библискиот Бог, Исусовиот Отец и Отец на сите луѓе (спор. 1 Коринтјани 13,4-7). На крајот гаранцијата за еротската среќа зависи од верната заклетва под вид на вечност, т.е. во нужното потпирање на вечност со силна надеж која ја втемелува токму Исус Христос. Да љубам иако не сум љубен, да бидам силен токму во својата слабост, да се заколнам иако немам сигурност во веродостојноста на заклетвата на другиот, сето тоа да се прави како сигурноста да е тука, а неа или ја нема или не сум сигурен дека ја има – сето тоа е можно само ако личноста е така опфатена, просветлена, надахната и зафатена од љубовта која е поголема од неа и од другиот, која всушност дава смисла на неговото постоење и со својата бесконечна сила ја оспособува личноста да таа смисла и тој ја открива и ја остварува љубејќи, излегувајќи од себе и одејќи во пресрет на другиот. Таа љубов е објавена во Исус Христос и ја доживеа својата полнина во неговото себедарување во смрт на крст и неговото прославување по воскресението. Таа по Христовата присутност во историјата останува единствен темел на можност за љубов. Повторно треба да истакнеме: тука се работи за потребата од структурна љубов, а не во верување кое би било дадено да се сведе на љубов. За потполн влез во оваа логика нужно е согласност за вера, не тргнувајќи од себе, туку од силата на совршената Љубов која ми се дарува и која ја прифаќам, во која се надевам и на која сум послушен. Но и независно од согласноста за вера, оваа логика останува единствена вистина и таа потенцијално веќе е присутна во секој човек. Да се согласиш со неа само ја олеснува работата, ги доведува кон полнина тие обиди кои секој добронамерен и воден од внатрешниот потенцијал веќе делумно ги остварува. Од сето ова следи дека тие кои љубовта ја живеат подржани од верата во Бог се во можност на светот да му покажат што е љубов, а тие кои не му веруват  имат можност да поверуват и да ја откријат љубовта – која делумно веќе ја живеат – во сеуште недоживеаната полнина.

Божји ерос. На овој начин преку современата научна феноменологија Ж. Л. Марион покажува дека е неможно да бидеш вистински еротичен без Бога. До тој заклучок Марион доаѓа по строга научна процедура, тргнувајќи од иманентниот еротски феномен, заеднички за сите луѓе. Независно од религиозниот став, структурата на еросот покажува потреба за Бог и без Бог не функционира. Кулминацијата на библиската објава се открива во зборовите: „Бог е љубов“ (1 Иван 4,8). Структурата на овиситнувањето на иманентниот еротски феномен за Марион очитува единственост на љубовта. Љубовта, ако е вистинска, само е една. Љубовта истовремено е и еротична (eros), пријателска (philia) и себедарувачка (agape). Сите три димензии пулсират со единствен дух. Љубовта è или не е. Со тоа се враќа достоинството и секое одпаѓање на еротиката, пријателство или вземно дарување од логиката на автентичното овистинување доведува до губење на правото на таквиот „eros“, „philia“ или „agape“ на своето име. Тие, кога не доведуват до вистинска, лична и вечна среќа не се љубов. Во светлината на таквото прочистување на библиската објава дека Бог е љубов доведува до заклучок дека Бог е вистина за еросот и дека еросот без Бог не е ниту ерос. Тоа го потврдува и начинот на Божјата објава: „Тој е кој љуби, како нас, тргнувајќи од испразноста (идолите), барањето да биде љубен и исчекорот како би љубел прв, преку заклетва и лице (икона), телото и угодноста на заедништвото, низ болката поради нашето застранување и љубомора… идентификација во Овоплотениот Син, сè до едностраниот дар, од своја страна, за наша сопствена верност“ (Le Phenomene erotique 2).

Право на име

Така Бог, објавувјаќи и дарувајќи се себе, на човекот го објави и дарува еросот. Поради тоа дојде времето скапоцената интима на човекот за која овде зборуваме, почне да се вика со прочистеното име љубов. Мноштвото феномени кои се провлекуват под името љубов, не го заслужуват тоа име, како паразити се нафрлуват на тоа име и го узурпират неговото значење. Посебно во современото расфрлање со името ерос се сокрива една длабока измама. Многу од тоа што се нарекува еротизам нема врска со автентичниот ерос, туку тоа е гола трговија, изопачување на еросот и фарса која со километри е далеку од вистинското достоинство. Стварноста која го заслужува името љубов (било во вид на ерос, била пријателска, или себедарувачка) потребно е да се спаси од канџите на комерцијализмот, егоизмот и идеологијата, како би можела да се изговара, промислува и слави, а не само така нешто да се прави  и да се оди на кој како ќе му се посака према неговото закоравено срце (Спор. Марко 10,3).

Заклучок

Овој краток приказ на вистината за еросот ја открива заборавената и занемарената димензија на еротскиот вид на љубовта. За темите кои овде се начнати и силно представени, би можело, можеби и морало, многу повеќе да се размислува. Жан Лук Марион се зафати со важна тема за која многу се зборува, а малку разбира. Тргна одоздола, без предрасуди, следејќи ја вистината на феноменот. Донесе цврста и доследна аргументација, го представи процесот и структурата на еросот кои „држат вода“. Со методата „еротска редукција“ покажа на кој единствен начин еросот останува во служба на личноста. Тој многустран истраживачки чекор го прочистува погледот на еросот и го предизвикува оној кој зборува за еротскиот феномен да се одмери со овде откриените критериуми и така или заслужи право на зборовите кои ги изговара или ги пушти на мир и употреби други. Во овој свет на пример, сексуалните односи кои не ја потврдуват личноста и достоинството на меѓусебниот однос, всушност и не го заслужуват името љубов (ниту ерос, ниту пријателска, ниту себедарувачка) и може да се нарекуват со друго име. Феноменологијата на љубовта во својата структура покажа потреба за Бог, потреба која површниот „хедонистичко-потрошувачки“ и дневнополитички пристап не можат да ја затајат, а при тоа да не се дискфалификуват од трката за вистината.

Превод: И.П.

Еросот и Евангелието – 1 дел

Еросот и Евангелието (2 дел)

Еросот и Евангелието (3 дел)

Еросот и Евангелието (4 дел)

 

Категорија: Колумни

За авторот

Write a Comment

<