Епископот Стојанов служеше света Литургија за татковината

Епископот Стојанов служеше света Литургија за татковината

На празникот Раѓање на Пресвета Богородица, според грегоријанскиот календар, на 8 септември 2024 година, во катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов служеше света Литургија за татковината, а со него сослужуваше катедралниот парох, патер Винко Маслаќ.

Во својата прoповед епископот Стојанов се осврна на важноста на празникот Раѓање на Пресвета Богородица за нашето спасение и истакна дека независноста на Македонија несомнено е под застапништвото на Пресвета Богородица. Имено на овој ден кога Црквата го чествува земното раѓање на небесната мајка, Пресвета Богородица, Македонија ја празнува својата независност, раѓањето на републиката.

Епископот Стојанов ја искористи оваа прилика да ги повика верниците да продолжат да се молат за татковината и понатаму да го даваат својот придонес во изградбата на општеството, а за доброто на сите луѓе кои живеат и ја чувствуваат Македонија за своја татковина, без разлика дали се во земјата или странство.

Епископот Стојанов секоја година на овој празник светата Литургија ја служи за татковнина со накана за мир, благосостојба и напредок на Македонија.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот