Епископот Стојанов служеше света Литургија по повод Марија од Назарет
Во сабота 21 мај 2016 година Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов во парохиската црква „Свети Иван Крстител“ – Струмица служеше света Литургија по повод престојот на статуата Марија од Назарет. Со епископот Стојанов сослужуваа о. Гоце Костов, о. Џовани Марија Леонарди, о. Георги Трајков, о. Ристо Самарџиски, о. Илија Стојанов, а ѓаконската служба ја вршеше о. ѓ. Атанас Сирачев.
За време на Литургијата проповедаше епископот Стојанов, кој истакна: „Драги браќа и сестри, загледани во ликот на Марија од Назарет би можеле да ја набљудуваме не само со часови и часови, туку и цел живот. Но тешко на нас, ако го оттргнеме нашиот поглед од ликот на Марија од Назарет, тогаш паѓаме во опасност нашиот живот во тој час да се најде во опасност. Таа е затоа овде. Таа е затоа всадена во нашата историја да ја набљудуваме, да ја наследуваме, на неа да се молиме и да ја прифатиме во нашето секојдневие, како една од нашите соседи, домаќинки, мајки.“
На крајот од литургијата на присутните им се обрати и о. Џовани Марија Леонарди кој ја истакна важноста на Богородица во животот на христијаните.
Парохот о. Гоце Костов искажа благодарност до епископот Стојанов и о. Џовани Марија Леонарди за нивното присуство истакнувајќи дека пред 18 години, кога Марија ја посети Струмица, ѝ беа упатени бројни молитви, а плодот на молитвите е токму оваа нова парохиска заедница. Да се обратиме и денес до Богородица, на следното доаѓање на статуата Марија од Назарет, нејзиниот плод да биде повторно видлив.
к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк