Епископот Стојанов служеше божиќна Литургија во Струмица

Епископот Стојанов служеше божиќна Литургија во Струмица

На 7 јанаури 2018 година Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов година служеше полноќна света Архиерејска Литургија во Катедралната црква „Успение на Пресвета Богородица“ – Струмица, по повод празникот Рождество Христово. Светата Литургија започна со свечена процесија на која епископот Стојанов го положи Богомладенецот во витлеемската пештера, како видлив симбол на Рождеството Христово. На светата Литургија сослужуваа повеќе свештеници од Апостолскиот егзархат во Македонија.

За време својата проповед епископот Стојанов истакна: Со обожување на вештачката светлина сведоци сме на занемарување на природната светлина. Човекот на денешнината е човек на теминина во себе, во општеството дури и во историјата. И така браќа и сестри, дојдовме до темата, која би сакал со вас да ја споделам во оваа света Литургија. При тоа епископот Стојанов нагласувајќи што е тоа светлина додаде: „Најсилната светлина што ни е дарува не е таа надворешна, уште помалку вештачката, туку нам ни е дарувана светлина во совеста што ја расветлува нашата внатрешност.

Во понатамошниот дел од проповедта бискупот Стојанов рече: Ако сакаме да го доживееме Божиќ, драги браќа и сестри, да допуштиме во нас да засвети со сиот сјај светлината на совеста. Друга светлина што Бог ни ги дарува се воспитувачите, вероучителите и сведоците на верата. Сведоци на верата се: родителите, свештениците, катехистите, но и секоја личност што има одговорност за другиот. Повторно се среќаваме со горката вистина дека во многу случаи во наше време затаија и родителите и учителите и сведоците на верата. Светиот Отец, папата Фрањо неуморно нѐ повикува да се вратиме на првобитната вредност, а тоа е пренесување на верата и вредноста на животот со сопствен пример.

Владиката Стојанов својата проповед ја заврши со зборовите: Славејќи го овогодинешниот Божиќ сакав со вас да ги споделам овие мисли за совеста која светли во нашиот живот, за совеста како ѕвезда водителка во нашиот живот. Свети Павле нѐ учи дека секој од нас ќе биде суден според својата совест. (…) Дозволете Божиќ да ја донесе таа светлина, бидејќи го прославуваме роденденот на Светлината над Светлините Исус Христос, кому ми искажуваме слава и чест сега и секогаш и во вечни векови. Амин.

За време на светата Литургија во катедралната црква „Успение на Пресвета Богородица“ – Струмица пееше Катедралниот хор.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот