Епископот Стојанов служеше Божиќна Литургија во Струмица

Епископот Стојанов служеше Божиќна Литургија во Струмица

Неговото Високопреосвштенство монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија на 7 јануари 2017 година ја предводеше полноќната божиќна Литургија во Катедралната црква „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица. На Литургијата сослужуваа свештеници од Апостолскиот егзархат во Македонија и од Скопска бискупија.

По завршувањето на Повечерието, а пред почетокот на Литургијата во процесија владиката Стојанов го положи Богомладенецот Исус во јаслите од пештерата, како видлив симбол за Раѓањето Христово.

Во својата проповед епископот Стојанов се осврна на таинството на божиќниот настан, како и значењето на самиот празник, давајќи поттик на верниците за христијански живот.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот