Филијалната црква „Свети великомаченик Георги“ – Чанаклија својот патрон празник го прослави со света архиерејска Литругија предводена од Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апосотлски егзарх во Македонија во заедништво со свештеници од Апостолскиот егзархат во Македонија.
Во својата проповед епископот Стојанов, зборувајќи за крепостите на свети Георги, како и неговото мачеништво истакна дека тој бил подготвен земскиот живот да го замени со небесен и веднаш го постави прашањето: Дали ние сме подготвени земскиот живот да го замениме со небесниот?
На крајот од Литургијата парохот о. Спасо Ристов заблагодари на епископот Стојанов за неговото духовно Слово и неговото присуство, како и на сите допринесоа во организирањетона свеченоста, а потоа во дворот на црквата беше организирано агапе од верниците.
к.мк