Подарок за епископот Стојанов од Црковниот одбор и парохиската заедница „Раѓање на свети Иван Крстител“ – Струмица

Подарок за епископот Стојанов од Црковниот одбор и парохиската заедница „Раѓање на свети Иван Крстител“ – Струмица

На крајот од Светата архиерејска Литурија на празникот Богојавление, 19 јанаури 2022 година, која епископот Стојанов ја служеше во парохиската црква „Раѓање на свети Иван Крстител“ во Струмица највозрасниот член на црковниот одбор Трајчо Георгиев во име на свештенците, верниците, парохиската заедница и црковниот одбор на епископот Стојанов му подари три крста за благословување (син, бел и црвен според бојата на литургиските одежди), со желби уште многу години да го споделува неговиот благослов на оваа парохија и оние кои во оваа црква влегуваат и се молат, како и на сите останати.

Епископот Стојанов се заблагодари за подарокот, благословувајќи ги присутните.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот