На Велики Четврток 5 арпил 2018 година Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, служеше света василиева Литургија со осветување на миро и обред миење нозе во Катедралната црква „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица. На светата Литургија покрај свештениците од Апостолскиот егзархат присуствуваа сестри Евхаристинки и бројни верници.
Во својата проповед бискупот Стојанов зборуваше за светата Тајна свештенство, при што истакна: Ние како свештеници сме придружници на Исусовата личност и сé што правиме како свештеници го правиме во името или во личноста Христова, in persona Cristi. Ова е вистина која треба секојдневно, а осoбeно денес на денот на свештенството да нé обземе и да ја доживееме.
За време на светата Литургија епископот Стојанов го посвети мирото, а при крајот од Литургијата над дванаесет избрани верници го изврши обредот миење нозе.
к.мк